Имам 40 години, пред неколку месеци го исфрлив сопругот од дома: Растурив брак долг 18 години

Едноставно почувствував дека е доста

Со сопругот живеев 18 години. Иако тоа не може баш да се нарече живот. Додека бевме млади, беше убаво. Но, како поминуваше времето почнав да сфаќам колку тој е мрзелив, алчен, и човек кој постојано седи и пие пиво. Но, поради тоа никогаш не би го оставила. Капката која ја прели чашата беа лагите, неверството и цинизмот.

Еве пример: 31 декември е. Мојот сопруг работи. Јас имав слободен ден, подготвував многу храна, ја сервирав масата и син ми и јас чекавме пред телевизорот до осум, па до девет, па до единаесет и на крајот до полноќ. Го одведов син ми на спиење и го изгасив телевизорот. Сопругот не дојде. 

Во шест часот наутро почнав да му ѕвонам. По 30 пропуштени повици, ми одговори со порака: „Доаѓам, драга!“, а потоа беше недостапен.

Почнав да им ѕвонам на пријателите, болниците... Не можев никаде да го најдам. Никој не го видел, никој не го слушнал.

Се појави на 2 јануари. Рече дека пиел и дека полицијата го привела на 31 декември за да се отрезни. По еден месец дознав дека ноќта ја поминал со некои девојки на луда забава во некој хотел.

Славеле скоро два дена.

Сцена број два: Вечер со семејството. Живееме во куќа на два ката. Во приземјето е дневната соба и кујната, а на спратот се собите за спиење. Поголемиот дел од времето го поминуваме на првиот кат. Една вечер доцна заминав на спиење, а маж ми ми кажа дека ќе се качи за брзо.

Не ни забележав дека сум заспала. Ме разбуди звукот на автомобилот. Сопругот некаде замина. Му ѕвонев на телефон, не се јави. Го исклучи мобилниот. Не можев да спијам, срцето ме стегна. Што му се мота во главата на овој човек? Се врати во седум часот наутро и тивко се пикна под прекривката.

Сцена број три: Син ми од гаражата истрча со зборовите: „Видов дека тато таму го чува новиот телефон.“ Го погледнав телефонот беше нов и во фунцкија.

Повеќе не можев да живеам така. Му ги спакував сите работи и го исфрлив од дома. Не ми требаше објаснување. Не барав да ми каже дали има некоја друга жена, каде иде доцна во ноќта, зошто не се јавува на телефонот... Едноставно знаев, што и да ми кажеше немаше да биде доволно да го продолжиме животот заедно...

Сега живеам со синот и за синот. Срцето повеќе не ме боли. Главата ми е мирна.

Извор: стил.курир.рс

Фото: Westend61