„Имам 56 години и ќе им родам дете на син ми и снаата“: Жена ќе си роди сопствена внука, а само треба да видите како се случило тоа

Мајка ќе им роди дете на синот и неговата сопруга, звучи неверојатно, но навистина е вистина!

Ненси Хаук, жена која има 56 години, во ноември ќе роди сопствена внука! Да, да, добро прочитавте! Оваа дама ќе доживее уникатна работа, бидејќи се согласила да биде сурогат мајка на детето на нејзиниот син Џеф (32) и неговата сопруга Камбриа (30).

Имено, нејзиниот син и снаа веќе се родители на тригодишни близнаци - Вера и Ајва и 11-месечните брат и сестра Дизел и Лука. Меѓутоа, по последното раѓање, парот се соочил со неплодност, а имале голема желба да добијат петто дете.

Хистеректомијата на Камбрија по трауматичното раѓање на нивните близнаци минатиот септември ги оставило со малку опции и токму тогаш Ненси почувствувала дека мора да помогне. 

- Одеднаш имав чувство дека неколку месеци после тоа треба да се понудам да го направам тоа. Му кажав на син ми, тој се расплака и се шокираше - тогаш не му кажав ни на мојот сопруг. Но, тој навистина ме поддржа - изјави Ненси, која е во брак со таткото на Џеф, 59-годишниот Џејсон. 

Џеф истакна дека не очекувал мајка му да донесе таква одлука и дека таа неизмерно го израдувала него, но и неговата сопруга.

- Се чувствував благодарен што имав таква несебична и сакана мајка која беше подготвена да се жртвува за моето семејство. Имајќи повеќе од четири години третман на неплодност, знаев колку може да биде комплициран процесот и се сомневав дека е можно таа да ни донесе бебе, но бев многу трогнат што дури и ѝ понуди - вели Џеф. 

Бидејќи докторите на Ненси ѝ рекле дека е доволно здрава за да стане сурогат мајка, на големо изненадување, таа започнала со хормонска терапија во јануари 2022 година. За неколку недели, таа забременила со оплодени ембриони од Џеф и Камбрија. 

- Таа жртвува толку многу за нас и нашето семејство и се чувствуваме толку благодарни. Таа беше ништо помалку од неверојатна и исполнета со толку многу светлина и благодат. Велат со бременоста доаѓа сјај, но Ненси сјае како светилник – изјавила Камбриа за својата свекрва.

Во мај семејството дознало дека чека девојче, а терминот е 5 ноември.

- За такво нешто нема компензација. Сè што можам да направам е да го следам примерот на моите родители и да се обидам да обезбедам исто ниво на љубов и посветеност на моето семејство и на другите – заклучил Џеф.


Фото: Профимедиа

Извор: стил курир