Имам четири тумори во градите: Кија Коцкар за својата борба, испрати важна порака до жените

Пејачката и поранешна победничка на ријалити шоуто „Задруга“ беше првпат оперирана пред три години, а истакнува дека моментално редовно ја следи нејзината состојба за да се увери дека израстоците се под контрола.

Пејачката Кристина Кија Коцкар во ноември 2018 година беше оперирана на Институтот за онкологија и радиологија, ѝ беше отстранет еден од туморите, но потоа се појавиле нови.

- Отидов на преглед и најдоа уште два нови тумори, кои дотогаш не беа видени на мамограф. Порано ми беше изваден еден што беше навистина голем. Докторката ми рече да не се плашам и дека се ќе биде во ред. Ѝ верувам затоа што го спаси животот на една моја колешка стјуардеса – рекла Кија за српските медиуми.

Како што сега истакнува пејачката, таа редовно се проверува и ја следи нејзината состојба.

- Ја следам ситуацијата. Сите тумори се, фала богу, бенигни, па засега се е под контрола. Лекарите рекоа да доаѓам на преглед еднаш годишно, што и го правам, па ја следат мојата состојба - вели Кија за Информер и додава: 

- Никогаш не сум размислувала да направам зголемување на градите. Можеби за тоа ќе се одлучам по породувањето, ако има потреба. Во моментов таму не би чепкала ништо со оглед на тоа што имам четири тумори во градите.

Открива и дека сосема случајно забележала дека нешто не е во ред.

- Сосема случајно почувствував грутки на градите. Не ми беше сеедно и веднаш закажав преглед кај докторот. Ултразвукот покажа дека имам три тумори - истакна таа и ја искористи приликата да ги потсети жените:
- Превенцијата е клучот за се'. Прегледувајте се на време. Жени, бидете одговорни и здрави!

View this post on Instagram

A post shared by KIJA KOCKAR (@kijakockar)



извор:GLOSSY