Имам рак, но сепак сакам да бидам убава: Жена борец - се соочува со страшна дијагноза на агресивен тумор, но не се откажува од борбата

Леа Харди, писателка за здравје и убавина, чија работа вклучува тестирање на производи, се соочи со агресивен тумор на дојката од трет степен на 58-годишна возраст. Леа е жена борец и не се откажува, па сега на Твитер редовно ги информира луѓето за нејзината дијагноза, но и за начинот на кој се бори против порочната болест.

Леа Харди не само што е решена да го победи овој суров непријател, туку е и апсолутно посветена на својот изглед. Иако ѝ претстојат осум сесии на агресивна хемотерапија и операција на дојката, оваа прекрасна жена не се откажува од разубавувањето и се уште е физички активна.


Се започнало еден сончев септемвриски ден. Откако ја почувствувала испакнатоста во пределот на десната града, Леа закажала стандарден преглед, надевајќи се дека ќе открие нешто безопасно. Таа нагласи дека тоа бил периодот кога веројатно се чувствувала најдобро во животот. Редовно посетувала теретана, вежбала јога, јадела и изгледала здраво.

– Во болницата, слушајќи ги моите симптоми, докторот претпоставуваше дека се работи за безопасен израсток, но при прегледот ме замоли да ги кренам рацете и очите ми се насолзија, а насмевката исчезна – изјави Леа за „Дејли мејл“, опишувајќи ги овие екстремно тажни моменти. По неколку дена, не само што дефинитивно се соочила со дијагноза на рак, туку ѝ било кажано дека боледува од агресивен тумор од трет степен. Во овој случај, станува збор за XEP2 позитивен рак на дојка. Таа развила голема туморска маса во десната дојка, а туморот се преселил во лимфните јазли, а потоа го нападнал црниот дроб. Накратко, оваа дијагноза ќе ја доведеше директно до смрт пред десет години, но денес лекарите се далеку пооптимисти.

- Целиот мој пристап кон ракот беше да се обидам да се чувствувам, да се однесувам и да изгледам што е можно понормално. Да, пред се, сакам да живеам, но мојот изглед е клучен дел од мојот идентитет и одбивам да се извинам што сакам да ги контролирам сите физички промени кои ги носи ракот на дојката – изјави таа.


Додава и дека непосредно пред почетокот на хемотерапијата ја посетила Трејси Гилс, една од најдобрите специјалисти за трајна шминка во Лондон, која и овозможила полутраен третман на веѓите и на трепките.

Леа Харди дефинитивно реши да се бори и изјави дека покрај тоа што ќе биде упорна во борбата, ќе биде и истрајна кога се грижата и убавината во прашање. Нашла и соодветна долна облека, која целосно одговара на нејзините моментални потреби. Инаку, таа се приклучила на часовите по јога што ги водел Марсија Мерсиер, специјалист по јога и жена која преживеала рак на дојка. Таа изјавила дека вежбањето после хемотерапија е исклучително напорно и може да биде застрашувачко, но и крајно емотивно.

Губењето на косата за време на терапијата за многу жени е подраматично и поболно од самото губење на градите, а оваа храбра жена е дел од една таква група. Секако, секогаш има и такви за кои нагласувањето на физичкиот изглед, особено во периодите на примање хемотерапија, е бесмислено и непотребно. И покрај различните, дури и спротивставени мислења, секој треба да избере свој начин на борба.

Затоа Леа Харди е неисцрпен извор на позитивност. Таа е упорна и храбра, како и секоја друга жена која има ваков непријател и си го нашла својот начин да се бори.

извор:najzena