Имаше бурен љубовен живот, беше втора најубава жена на сите времиња: Холивуд остана без Ракел Велч

Добивај вести на Viber

Тажна вест пристигна од Холивуд. Ракел Велч која беше прогласена за втората најубава жена на сите времиња, замина во вечноста. Почина на 82 години.

Во 60-тите и 70-тите години, оваа дама беше глобален секс симбол, позната по своето неверојатно, извајано тело. Ракел не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.

Во 1995 година, магазинот „Empire“ ја вклучи во 100-те најсекси ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Playboy“ и го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20 век. Исто така, читателите на магазинот „Men's Health“ ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња во 2011 година.

Благодарение на нејзиното одлично тело и храброста да го покаже без срам, Ракел го достигна статусот на меѓународен секс симбол, а се започна со реализацијата на „One Million Years B. C“. од 1967 година.

Велч имаше само три реченици текст, но облече специјално бикини кое привлече големо внимание. Филмските постери на кои таа позира токму во тој костим станаа едни од најпродаваните досега! А тоа беше само почеток на нејзината богата филмска кариера...

„Чувствував дека луѓето навистина не се грижат за мене, туку се грижат само за неа - таа жена во бикини од кожа со премногу долги нозе, сјајни раце и неверојатно тенок, тенок струк. Таа беше моќна, незаборавна жена, и тие беа заљубени во неа, во таа супер Амазонка. Јас сум силна жена, но дефинитивно не сум сето тоа“, рече таа пред неколку години за улогата што ја лансираше во ѕвезда.

Познатата актерка и манекенка последен пат беше фотографирана во јули оваа година на улиците на Беверли Хилс додека одела на маникир, во лежерна облека - црна тренерка и бела маица, а со капа на главата. .

Ова е една од ретките прилики кога Ракел се појавува во јавноста во последните неколку години. Очигледно е подложена на естетска хирургија, но сепак изгледа добро, особено со оглед на фактот дека е во својата деветта деценија.

Во 2010 година, таа во своите мемоари „Ракел: Надвор од деколтето“ истакна дека стареењето е секако тежок процес, особено за неа како жена која постојано била во центарот на вниманието.

"Сите можеме да се согласиме дека стареењето е предизвик, но верувајте ми - тоа е уште потешко за некој што е секс симбол. Погледнете ме. Добро се држам, но треба труд, вежбам јога еден час и половина секој ден. Но, навистина, луѓе, која е поентата да започнете да лажете за вашите години? Јас ја претставувам убавината, идеализираниот изглед на жената и тие го следат мојот совет и начинот на кој јадам и вежбам“, напиша Ракел во книгата.

Инаку, Ракел е позната и по бурниот љубовен живот - зад себе има четири брака, а во 2015 година изјави дека не е исклучено повторно да стапне на лудиот камен. Исто така, актерката истакна дека многу нејзини врски пропаднале „затоа што е премногу сама“ или затоа што мажите сакале да излегуваат со неа само поради нејзиното име.

"Тие талкаа наоколу кога беа во брак со Ракел Велч. Никогаш не го разбрав тоа. На многу мажи не им се допадна тоа што јас бев таа што привлекуваше внимание кога излегувавме. Не жалам за браковите. Имав вистински чувства за сите нив. Тогаш мислев дека тоа е љубов и дека можеме да создадеме одличен живот, но тоа не ни беше пишано“, објаснила таа тогаш.




Извор: Жена блиц

Фото: Профимедиа, Инстаграм