Имаше тешка прва бременост, а сега очекува второ дете: Хурем Султан се усреќи

Добивај вести на Viber

Мерјем Узерли, актерката на која многумина се сеќаваат по улогата на Хурем Султан, секој слободен момент го поминува со својата ќерка која многу наликува на неа. 

Ѕвездата на турската хит-серија „Величенствениот" во едно интервју призна дека Лара со која живеат во Германија ја воспитува сама, а со нејзините обожаватели во последно време на социјалните мрежи споделува важни приватни моменти. 

Во текот на бременоста со девојчето, Мерјем помина низ вистинска приватна драма.Таа избега од насилниот свршеник Кан Атес. Тој во првиот момент се откажа од својата ќерка, а потоа побара старателство. Сепак, актерката се избори и денес таа е единствениот законски старател на малата Лара.

Деновиве актерката откри дека е бремена по вторпат.

– Бремена сум пет месеци. Доколку се биде во ред, во јануари ќе се роди девојче. Лара веќе подолго време посакуваше брат или сестра, пресреќна сум што таа желба наскоро ќе и се оствари. Но и јас сум среќна бидејќи ќе основам сопствено семејство- изјави Хурем, а притоа не откри кој е татко на бебето.