Имав 20% шанси да преживеам: Драги Шпага за тешкото искуство со Ковид-19

Драги Шпага раскажа за неговото искуство со коронавирусот. Поминал тежок период, но за среќа пополека се враќа во нормала. 
Ви го пренесуваме неговото искуство со ковид-19:

„Мојата средба со ковид-19 сарс2 започна на 28-ми август, 2020 година.

Петок  ден 1: повраќање 

Сабота ден 2: повраќање 

Недела ден 3: повраќање 

Понеделник ден 4: температура 38.5

Вторник  ден 5: температура 39

Среда ден 6: температура 39.5 проблеми со дишењето, кислородот 40-60 супституција

Четврток ден 7: тестирање во Авицена - позитивен на ковид-19

Петокот ден 8: омалаксаност, слабо дишење потење, нема температура

Саботата  ден 9: црно повраќање, нема температура, омалаксаност 100%.

Недела  ден 10: целосно губење, повраќање, Брза Помош правец Гастро, со некое црево до желудник,  полусвесност па кома дваесет часа.

Понеделник  ден 11: будење од кома во 8-ми септември, ковид центарот, тука со  инфузии, крвна плазма и разни терапии.

Вторник ден 12: примам крвна плазма лежам омалаксан не сум јадел ништо .

Среда ден 13: примам крвна плазма, лежам омалаксан, мислам дека првпат јадев и тоа пица. Тест за корона негативен.

Четврток ден 14: примам крвна плазма, лежам но веќе полека добивам некоја сила. Тест за корона негативен.

Петок ден 15: тест за корона број 3 негативен, попладнето 11-ти септември си одам дома...

Сум имал пнеумонија па потоа некое внатрешно крварење во желудникот со кое што сум изгубил многу крв. Шансите да преживеам ми беа 20%. 

Матичниот ми вика дека сум бил за во енциклопедија.

Од 11-ти септември 2020 до денеска се уште сум омалаксан, но полека се враќам во нормала - Драги Шпага“ - заврши тој.