Имав среќа со трите деца: Интервју со Ерос Рамацоти

Добивај вести на Viber

Уште само три дена не делат од концертот на италијанскиот музичар со светска кариера Ерос Рамацоти во Скопје. Во понеделник (30 септември), „Авалон продукција“ го носи во Скопје, на концерт во А1 Арената. Големите ѕвезди се секогаш наједноставни луѓе, а тоа го докажува и Рамацоти во интервјто за Женски магазин. 

Освен продадените преку 60 милиони албуми низ целиот свет во триесетгодишната кариера, дуетите со Шер, Тина Тарнер, Андреа Бочели, Џо Кокер, Лучијано Павароти, она што го прави голем италинаксиот романтичар е хуманитарната работа за која никогаш не се фали и да ја рекламира. Зад себе има два брака, со италијанскиот топ-модел Марика Пелегринели (со која официјално не е разведен) и швајцарската актерка и модел Мишел Хунцикер. Најголемата гордост на Ерос се трите деца, Аурора Софи, Габриела Мариа и Габрио Тулио. 

* Дали постои лична или глобална порака што сакате да ја испратите со Вашата многу популарна песна и албум “Има живот“?

- “Има живот“ е повик дека животот треба да се ужива, бидејќи е најскапоценото нешто што го имаме, и тоа е пораката што сакам да ја пренесам на моите фанови. 

* Како би го опишале Вашиот нов албум, музички и емоционално? 

- За мене овој албум претставува нов почеток, предизвик со самиот себе и со времето, желбата да оставам силен печат. Тоа е еден вида слоган, и надеж, начин да кажеме “продоложуваме понатаму“. Меѓу другото, е прв аблум кој во целост лично го продуцирав, заедно со силната поддршка од Антонио Филипели и Челсио Вали. Тоа ми дава голема сатисфакција. 

* Во моментов сте на светска турнеја. Колку концерти реализиравте досега и колку допрва следат? 

- Има повеќе од 90 датуми на различни локации во светот, ме очекува третиот дел од Европската турнеја, потоа се враќам во Италија. Во 2020 година одиме во Америка и многу сум возбуден заради тоа. 

* Дали имате посебни ритуали кои Ви помагаат да го одржите континиуитетот и силата за време на долгите турнеи? 

- Секогаш се обидувам добро да спијам, одморот е од основно значење. Почнав да вежвбам наутро и вежбите ми даваат енергија. Една вежба е плант, потоа Пет Тибетанци, вежби за зајакнување на телото и енергијата. 

* Некоја анегдота од Вашите настапи која би ја споделиле со нашите читатели? 

- Има толку многу што навистина е невозможно да се издвои една, многу се смееме и се забавуваме заедно. После повеќе од 90 концерти поминати заедно, ние сме како фамилија, и тоа е прекрасно. 

* Дали знаете нешто за македонската традиција и фолклор? 

- Слушнав дека имате одлична кулинарска традиција! 

* Познати сте по вашиот успешен хуманитарен ангажман, кои се Вашите планови за помош на децата и на луѓето кои имаат потреба од тоа? 

- Секогаш настојувам да посветам време на различни хуманитарни идеи, да дадам конкретна помош и да помогнам во остварување на повисоки цели. Не сите ги споделувам со јавноста, сметам дека некои треба да останат само мои. 

* Која од работите што сте ги направиле во животот Ве прави најгорд? 

- Моите деца. 

* Имате 3 деца, какви таленти и квалитети гледате во нив? 

- Сите три имаат различни, но многу силни карактери. Имав многу среќа. 

* За цело време на Вашата богата кариера пеете на италијански, Вашиот мајчин јазик. Дали сметате дека емоциите кои ги пренесувате на публиката се посилни ако пеете на италијански јазик? 

- Емоциите се емоции, без разлика на кој јазик се пеат. Секако, англиски се зборува насекаде, но јас избирам да се изразам на италијански јазик. 

* Дали може да им препорачате на Вашите помлади колеги да го следат истиот пат? 

- Секако. Важно е да се верува, без оглед на тешкотиите со кои се сретнуваме. 

Милица Џаровска

Фото: Julian Hargreaves