Инспирација и поддршка за многу жени: Плус сајз манекенка Ешли Грем ги покажа стриите

32-годишната плус сајз манекенка Ешели Грем ги покажа стриите што и останаа на стомакот, над нив со рацете обликуваше срце и со тоа испрати силна порака, но предизвика и лавина коментари


Целото нејзино искуство после породувањето, плус сајз фото моделот Ешли Грем, покажа како изгледа вистински и дека нема намера да го менува тоа. Со нов пост на Инстаграм, Ешли им оддаде почит на нејзините стрии кои останаа по раѓањето на синот, кој го роди пред девет месеци.

И додека некои ќе речат дека е за пофалба што Ешли добро се справува со последиците од бременоста, други се згрозени и се прашуваат дали е воопшто потребно тоа.

32-годишната Ешли ги покажа стриите останати на нејзиниот стомак и над нив со рацете обликуваше срце, испраќајќи моќна порака.

Нејзината почит кон сопствените стрии е многу повеќе од само славење на сопственото тело - таа им покажува на другите жени на кои им е тешко да ги прифатат своите тела по породувањето дека сосема се во ред овие промени и во ред е да ги прифатат. Толку лесно може да се чувствувате како странец во сопствената кожа по породувањето. Се е во ред, но стриите се сосема природни и само уште еден знак за неверојатните работи што ги правивме во реалниот живот.




И додека доби пофалби од повеќето нејзини следбеници, имаше и такви кои покажаа дека стриите не се потребни. Еден следбеник во коментар ја праша: „Не разбирам зошто се покажува ова“ и предизвика лавина реакции. „Зошто да не?" и „Да им покаже на другите жени дека не се сами и да научат да ги сакаат своите тела“, жените веднаш реагираа.

„Не е пријатно за маж да го гледа ова“, одговори следбеникот кој го постави прашањето, барајќи од неа „да направи забелешка во иднина дека содржината е наменета исклучиво за жени“. „Секој маж треба да цени жена со лузни од бременоста “, заклучи друга следбеничка.

Плус сајз манекенката Ешли Грем редовно споделуваше фотографии од нејзиното тело со обожавателите од самиот почеток за да покаже несовршености и да ги охрабри другите. Со режисерот Џастин Ервин (30) го доби синот Исак пред девет месеци.

"Истата јас. Неколку нови приказни", напиша таа во описот на фотографијата на која ги покажува нејзините стрии. Нејзините следбеници ја пофалија нејзината храброст во коментарите. „Ти си убава“, „Вие сте инспирација за сите жени“, „Веднаш се чувствувам подобро“, се некои од коментарите.

Во текот на целата бременост, таа гордо објавуваше провокативни фотографии на социјалните мрежи, како што се оние во долна облека или костим за капење. Таа постојано потенцираше колку е важно да се сакате себе си и да го прифатите своето тело.

View this post on Instagram

A post shared by A S H L E Y  G R A H A M (@ashleygraham) on




Во средината на август, на деветтата годишнина од бракот, таа ја објави среќната вест дека е бремена. "Пред девет години се омажив за љубовта на мојот живот. Беше прекрасно патување со мојата најмила личност во светот. Денес се чувствуваме толку благодарни, возбудени и благословени затоа што можеме да го прославиме проширувањето на семејството. Среќна годишнина. Животот ќе стане уште поубав за нас" – напиша Ешли пред неколку месеци во описот на видеото на кое се гледаше нејзиниот труднички стомак.

Таа се здебели 22 килограми за време на бременоста, сепак, Ешли тоа не ја погоди. „Никогаш не сум се чувствувала подобро и толку сум благодарна што моето тело и мојот син ми дозволија да бидам подвижна и флексибилна како што бев досега“, изјави таа тогаш.


Фото: Инстаграм

(ФОТО) Вистинската жена има целулит: Овие славни дами гордо ги покажуваат сите несовршености на нивното тело!

Луѓето патат од вишок на килограми, а таа ги промовира: Критики за Ешли Грем