Инспиративни цитати на Ник Вујичиќ: Во што е поентата да бидете комплетни однадвор, а празни однатре?

Роден со редок физички инвалидитет, без раце и нозе, Ник Вујичиќ долго учел како да биде среќен без оглед на околностите. Денес, неговата животна приказна охрабрува милиони луѓе ширум светот. Во продолжение прочитајте неколку негови совети и цитати кои ќе ве инспирираат да живеете без ментални ограничувања и стравови

Во што е поентата да бидете комплетни однадвор, а празни однатре?“

„Во животот имате два избора: Да бидете ограничени или да бидете подобри. Одберете ведрина, наместо разочараност. Никогаш не сум сретнал гневен човек што е среќен. Ниту пак среќна личност што е гневна.“

„Стравот е поголем инвалидитет од немањето раце и нозе.“

„Сѐ што би направил за себе, направи и за другите. Не треба да очекувате корист од великодушните дела, но добрите дела можат да ве доведат до изненадувачки награди.“

„Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот не вреди да се живее. Никогаш не знаеме што Бог може да направи со нашите скршени делови, додека истите не му ги предадеме.“

„Ако не можете да добиете чудо, станете чудо.“

„Мотивацијата ве води низ денот, но инспирацијата ве води низ животот.“

„Кога ви се чини дека среќните моменти ве заобиколуваат, створете сами таков момент.“

„Не се важни неуспесите, туку дали истите ги надминувате.“

„Не е крај сѐ додека вие така не одлучите.“


Фото: Официјален Фејсбук профил на Ник Вујичиќ