Институциите се изживуват со мене цели 10 месеци: Штипјанката Донева обвинува откако синот незаконски и е одземен од таткото

Штипјанката Верица Донева пред неколку дена на ФБ објави пост во кој го обвинува Министерството за труд и социјална политика дека повеќе од 10 месеци ништо не презема откако лани во март таткото незаконски и го одзел 11-годишниот син и се уште не и го враќа. Таа тврди дека е законски старател, и дека ја има сета документација, но дека надлежните се сосема инертни во нејзиниот случај.

Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално нејзината објава:
-Здраво на сите! Решив јавно да споделам да дознае цела Македонија јас низ што минувам! Министерство за труд и социјална политика Министерство за правда МВР ДРЕМЕТЕ ЛИ?!?!?! Веќе 10 месеци трпам неправда, уцени,малтретирање, малверзации преживувам голгота од нашите нефункционални институции и иживување од страна на институциите во нашата “Држава” ако може така да ја наречам. Денеска реши јавно да споделам што и како работат институциите за малолетни дечиња, а знам и дека има многу самохрани МАЈКИ кои што го доживуваат истото што и јас!!!!!! А сега ке оде во прилог ЈАВНО секој доказ и документ ЗАКОНСКИ да се виде јавно нивниот резултат.Јас сум законски старател и мајка на малолетно дете веќе 11 години и СЕУШТЕ СУМ! ДЕТЕТО НЕ МИ Е ДОМА БИДЕЈЌИ ТАТКОТО ПО СВОЈА ВОЛЈА ОТИ МУ СЕ САКАЛО МИ ГО ОДЗЕМА НЕЗАКОНСКИ И УШТЕ НЕ Е ВРАТЕНО ДОМА КАЈ МЕНЕ!!!!!!!!!!!

Целото излагање на мајката, прочитајте го на Фактор.мк


Фото: Фејсбук/Verica Doneva