ИНТЕРЕСНА ПРИКАЗНА
Направивме пауза за кафе. Почнавме да го пиеме кафето во тишина, но започнаа сите со дофрлања од типот дали Драган опишува некаков свој незаборавен вистинит настан или смислил некаква интересна приказна. Во принцип, сите се изјаснија дека не сакаат да бидат излажани. Секој имаше своја теорија и искуство за тоа дали да се прифати вистината или некогаш потребно е да се излаже со цел да се зачува врската или воопшто некое верување во нешто.
Марко им рече дека најважно освен љубовта е довербата и јас се надоврзав и потврдив. Наше мислење делеше и Александра. Уште на почеток на врската, таа како мене беше посветена, верна и среќна со Велибор. Сепак, јас оставав простор за прекин на врската, но таа уште од почеток на секоја врска сакаше да има убав крај и не оставаше простор за вистински крај и потоа патеше.
Драган продолжи да раскажува: „Селика со Јасмин ме подигнаа и ми ги турнаа панталоните и гаќите. Јасмин почна да ми го лиже „коњот“. Почнав да уживам и да се возбудувам. Потоа, ѝ се придружи Селика. Двете ми го лижеа како највкусен сладолед. За мене беше прво вакво искуство. Уживав бескрајно и се потев од оваа слатка опсада од две искусни жени.
Селика седна на мојот „коњ“ и го јаваше со сета жестокост. Јасмин, пак, возбудена и лигава се заврти накај мојата уста. Ја лижев страсно. Чувствував како да се ослободува некој енергетски набој. Двете се натпреваруваа и настојуваа која ќе биде подобра. По некое време, Јасмин стана и се заврти, а јас се нафрлив врз неа со мојот незаситен „коњ“. Играта заврши, а ние бевме испотени, лепливи, жешки и жедни од топлината, која во летниот период од годината беше неподнослива. Со две вешти жени да уживаш на оваа температура не е лесно, но нагонот е поголем од сè, а особено ако желбата е уште поголема да се биде со две жени одеднаш. Јас се преморив и едвај ме држеа нозете, но бев горд и достоинствен, се докажав прво пред себе како добар партнер. Егото некогаш е пред сè и над сè и има момент кога не може да се запре.
Турив на тројцата по чаша вино да наздравиме. Некој почна да тропа на нивната врата. Ми ја дадоа набрзина чашата, ми ги собраа алиштата и преку тераса влегов во мојата соба. Ја затворив вратата од терасата. Од нивната соба се слушаше жестока расправија. Јас полека влегов, се истуширав и размислив дека е најдобро да излезам од собава. Отидов во другиот хотел кај братучед ми со неговите другари. Седевме во коктел-барот и правевме обични муабети.
Вечерта, доцна се прибравме со братучед ми. Рецепционерот ми кажа дека Селика и Јасмин си заминале во придружба на некој маж. На заминување Јасмин и Селика биле нервозни.
Мене ми олесна на душава. Претпоставував дека се со некого, но не знаев кој е и подобро што не разбрав. Ова незаборавно искуство отвора многу прашања и бара одговори, но подобро е и вака што заврши. Драган заврши со раскажувањето и сите му ракоплескааи се смееја. Некој дофрли: „Можел да биде кој било, а ти си се забавувал“.
Разговаравме за ситуацијава во којашто се нашол Драган и дали воопшто се случило тоа, но секој имаше поинаков став за сите варијанти. Некој рече: „Вечер, со твојава приказна сите ќе ги сонуваме девојките. Ние барем си слушнавме забавна приказна“. Александра, пак, повтори дека ако има некој врска, подобро да не се завлекува во други авантури, но изгледа на Велибор не му се допадна нејзиниот став и беше опортунистички расположен. Таа сакаше да продолжи, но јас ја предупредив да молчи затоа што седевме повеќе луѓе и дека секој има право да го искаже своето мислење. Поседовме уште некое време и вечерта се разделивме сите пријателски, со многу љубов и со многу позитивна енергија едни кон други.
Утредента, рано наутро, Велибор и Марко отидоа по риба со останатите риболовци. Јас бев уморна и повторно заспав. Александра ме разбуди со кафе и ме праша: „Што реков што не беше во ред?“ Таа не можеше да се убеди дека на почеток не може сè да се стекне. Јас ѝ објаснував дека за сè треба помине време. Ништо не е сигурно, ако јас и Марко имаме стабилна врска од почеток, не се знае каков ќе биде крајот. Но, почувствував дека не можам да ја убедам и така, дојде времето да одиме на појадок кај Сања и кај Драган бидејќи се договоривме од сношти.
Драган и Сања направиле палачинки. Се собраа и останатите и со разговор и со фино друштво претпладнето замина. Дојдоа рибарите. Марко беше презадоволен затоа што фатил риби. Подоцна, се поздравивме со сите и се договоривме, другпат, повторно, да се дружиме бидејќи убаво си поминавме. Се спакувавме за да си одиме. Рибите ги оставивме на тие што ќе останат уште да престојуваат овде. Тргнавме и полека се возевме по истиот пат. Велибор беше замислен и малку зборуваше, а и ние уживавме во тишината и во звукот на птиците и на останатите животинчиња, кои ги среќававме.
Стигнавме во градот. Јас и Марко ги поканивме да пиеме кафе, но Велибор беше изморен, а и утредента беше работен ден. Следното утро, отидов во салонот и сите беа таму. Александра им зборуваше за Велибор. Сите ја смируваа и ѝкажуваа дека треба да помине време и да не прави паника од ништо. Подоцна, Весна ме тргна на страна и ми рече да не се мешам помеѓу Александра и Велибор, дека сигурно Велибор е добар и врската е добра, но таа со вакво однесување нема да постигне ништо.
Со Марко требаше да се чекаме, но тој ми се јави и ми кажа дека не може да дојде, дека не се чувствува добро велејќи: „Најверојатно, настинав од риболовот. Меѓутоа, многу сум среќен и исполнет што почнав со риболов и дека фатив риби. Денес ќе одмарам, се напив аспирин, но ако утре се чувствувам вака, ќе одам на лекар“.
АНОНИМНА