Интервјуа // Интервјуа
Интервју Мила Царовска: Поголема контрола на злоупотребите, но и повеќе пари за ранливите граѓани
- 22 Септември, 2018
Ќе ги извлечеме најранливите категории на граѓани над линијата на сиромаштија преку покачување на надоместокот трикратно. Истовремено, преку блиска работа со примателите ќе ги мотивираме и преквалификуваме за да може да се активираат на пазарот на трудот, вели во интервју за Фактор, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.
Новиот концепт на социјална заштита, според неа, гарантира подобар живот на ранливите групи, но тврди дека зголемувањето на паричната помош и на опфатот на граѓаните кои ја примаат нема да влијае дестимулативно за нив да не работат. Со него се прави обид да се намалат злоупотребите за примање на помошта.