Интервју на Оливера Дебарлиева, раководител на маркетинг одделот на Капитол мол

Добивај вести на Viber

Капитол мол деновиве го слави својот 5-ти роденден. Забавата трае 5 дена, од 12ти до 16ти декември 2018. Подготвуваме интересни изненадувања за нашите посетители. За роденденските активности, специјалните роденденскиодговорна е Оливера Дебарлиева, раководител на маркетинг одделот. Таа се грижи за тоа магијата да зрачи во Капитол мол и да ги исполни сите посетители со празничен дух. Со неа разговаравме за 5-от роденден на молот.

1.Годинава велите дека сте 5 пати поголеми. Што значи тоа за Вас и за Капитол мол?

Веќе 5 години го исполнуваме срцето на Аеродром. Водени од своето мото ,,Твој мол. Твое место” Капитол мол постојано се труди да биде место каде сите негови посетители ќе се чувствуваат пријатно, во било кој период од годината. Посетителите ја препознаа топлата, семејна атмосфера, нешто по што Капитол Мол се разликува од останатите трговски центри, што е и причина да го чувствуваат како свој. Понудата и содржините на објекот се одлично избалансирани и секој член од семејството може да најде нешто за себе. Низ нашите врати во овие 5 години влегоа стотици илјади посетители. Тие уживаат во атмосферата и во она што им го подготвуваме, особено во настаните како: Денови на семејни игри, Дерма фест, Месец на потрошувачи, Кажи ми со танц, Креатори на насмевкии многу други. Но, секој од нив секогаш имаи нешто да ни каже. Преку нивните интереси, слушајќи ги внимателно растевме заедно со секој наш посетител. Секоја година сè повеќе и повеќе растеме поради нашите посетители, одржувајќи го тоа што го препознаваат како вредност. Воедно, тоа го направивме и за нашиот 5-ти роденден. Тоа е очигледно од агендата која е на:

https://www.facebook.com/events/2235478669809381/

2.  Што е тоа што го нудите за време на 5-от роденден на Капитол мол?

Тоа што Капитол го нуди најмногу, се сеќавања и моменти. Изминатите пет години Капитол Мол прерасна во место за целото семејство, за забава и опуштање, и нормално за квалитетен шопинг. Се трудиме да обезбедиме квалитетни содржини, што ќе ги задоволат потребите на сите наши посетители, од најмладите, до најстарите, и во таа насока се сите наши активности, особено роденденските и новогодишните. Ја имаме таа среќа роденденот да го славиме во најмагичниот месец од годината кога расположението е празнично и затоа покрај одличните попусти, понуди, наградните предизвици, роденденските колачиња и прекрасната забава, секој кој ќе нèпосети ќе се впушти во уживање кое нема да го заборави. Oваа година петдневната прослава ќе изобилува со богата семејна и детска програма која никого нема да остави рамнодушен. Мини и Мики заедно со многу други ликови од цртаните ќе ни дојдат на гости, ќе пееме божиќни и роденденски песни, ќе украсуваме колачиња, ќе ги креираме најубавитечеститки,ќе шириме магија со шоуто ,,Магична петка” и Поточиња, балетски настапи, face-painting, а ќе може и екслузивно да се зирне во,,Светот на Биби”. Нема да дозволиме ниеден посетител во овие неколку денови да нема насмевка на лицето, и да не излезе од Капитол мол со пријатни сеќавања.

3. Како успевате да го балансирате организирањето на сите овие активности со Вашиот личен живот?

Семејството е изворот на енергијата која ја имам во мене. Таа енергија ја  носам на работа и таа ми го движи животот. Кога сум дома сум како на полнач, а на работа се трошам до максимум и бидејќи ја работам работата која ме испулнува црпам енергија да продолжам понатаму. Тоа е едноставното правило за баланс според мене. Времето посветено на работа, семејството и на себе треба да е квалитетно и исполнето со задоволство и позитива.

4. Што е тоа што најмногу Ви се допаѓа во Капитол мол?

Најискрено да Ви кажам, тука веќе пет години се чувствувам како дома. И токму тоа е нашата цел, секој кој ќе влезе да го доживее ова место како свое, блиско и пријатно. Затоа тимски даваме сè од себе да го направиме секој момент тука посебен. Шопингот е забавен, другарувањето незаборавно, музиката исполнителна, луѓето пријатни и расположени.

5. 5-то прашање ни е за 5-тиот роденден. Што мислите, како ќе си поминете за роденденот?

Знам дека ќе биде супер! Особено за најмалите (се смее). Со нив ќе правиме роденденски колачиња, ќе си играат со маскотите, ќе танцуваат и ќе пеат, а ќе запознаат и еден нов магичен свет. Кога тие се среќни сите сме среќни. Ќе ги исполниме со радост и насмевки кои ќе траат со месеци и на овој начин ќе го дополниме задоволството и за време на празниците за што дополнително подготвуваме интересна содржина.