Интервју со Елена Панова, директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија
Неодамна, А1 Македонија ја лансираше првата виртуелна продавница што е единствена на македонскиот пазар и воведува нови стандарди во процесот на набавка на телекомуникациските производи и услуги. “Како еден од двата најголеми телекомуникациски оператори во земјава ние сме всушност двигател на дигитализацијата на нашето општество и во таа смисла имаме посебна одговорност за воведување иновативни решенија кои ќе овозможат побрза дигитализација, но и подобро корисничко искуство за нашите корисници. За корисниците овој канал е нов, интересен и предизвика голем интерес уште од првата недела на функционирање”, вели Елена Панова, директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија, со која разговаравме за деталите и искуството од воведувањето на првата виртуелна продавница.
Како функционира виртуелниот продажен салон?
А1 Liveshop е виртуелен продажен салон кој всушност претставува хибриден продажен салон кој ги комбинира стандардната продажба и онлајн продажбата. Истиот овозможува посета на видео продавница каде корисниците може да комуницираат со агенти и да гледаат преку web видео сигнал производи изложени во студио кое изгледа како вистинска А1 продавница.
Аудио комуникацијата во ваквата продавница е двонасочна помеѓу агентот и корисникот, додека видео презентацијата е еднонасочна – корисникот ја гледа продавницата и агентот, додека агентот не го гледа корисникот.
Тоа значи дека функционира како стандарден продажен салон, со единствена разлика што не морате да излезете од дома за да го посетите. Искуството е многу слично како да разговарате со агент во продажен салон во живо, бидејќи со иницирање на повикот агентот го гледате во живо додека разговара со вас, може да ви сподели линк до соодветна страница од веб сајтот за да ви покаже што вклучува одреден тарифен модел, може преку камерата од смарт телефонот да ви покаже одреден смарт телефон или друг уред и да ве посоветува која би била најсоодветна опција која би одговарала на вашите потреби.
Од каде идејата и дали беше предизвикана од вонредната состојба и потребата од социјална дистанца?
А1 Македонијаја има дигитализација на општеството како главен фокус и континуирано работиме на овозможување дигитални алатки преку кои ќе се овозможи полесен и побрз пристап до сите услуги. Проектот за основање виртуелен продажен салон во А1 Македонија беше планиран за имплементација оваа година, а настанатата состојба со коронавирусот само предизвика да добие врвен приоритет и фокус за побрза реализација. Морам да нагласам дека проектот е исклучително комплексен, а вонредната состојба и потребата од одржување физичка дистанца дополнително предизвика компликации при реализација на истиот. Неизмерно сум горда на сите колеги што работеа на имплементација на проектот, кои покажаа максимална посветеност и покрај фактот што мораше да се спроведе комплексна координација со различни добавувачи од различни земји. И покрај сите предизвици, на крај успеавме да го имплементираме виртуелниот продажен салонво зацртаниот рок што претставува голем успех за нас како компанија и е голем показател дека навистина одлично се справивме како тим во новонастанатата ситуација.
Како се креира еден виртуелен продажен салон и што сè треба да се преземе како активност за да биде функционален?
Како што напоменав, виртуелниот продажен салон е комплексно решение кое всушност е комбинација од продажен салон во кој работат вистински агенти и дигитално решение за комуникација со корисници преку интернет врска кое овозможува интерактивен маркетинг, презентација и продажба на производи и услуги. Тоа значи дека ентериерното уредување на салонот одговара на стандарден продажен салон, но покрај тоа, дополнително е обезбедена посебна опрема која овозможува функционирање на виртуелниот продажен салон: инсталација на Контакт центар инфраструктура преку која се овозможува гласовна врска, студиско опкружување со соодветна звучна изолација, специјално студиско осветлување, напредна IP инфраструктура за видео поврзување, преку десетина камери кои овозможуваат поблиска презентација на производите. Покрај тоа, беше направена и надградба на web страната www.a1.mk со систем на клиентски скрипти кои овозможуваат преку стандарден web пребаруач да се искуси новото корисничко искуство кое за прв пат е овозможено на македонскиот пазар.
Што сè може да се набави преку оваа виртуелна продавница?
Виртуелната продавница овозможува интеракција со нашите продажни агенти за сите прашања во врска со производите и услугите на А1. Буквално сите производи кои може да се купат во регуларните продажни салони, може да се купат и преку овој продажен канал. Откако ќе се договори продажбата, корисникот го врши плаќањето електронски, и го добива уредот кој го набавил на домашна адреса без трошоци за испораката. Со цел популаризација на овој продажен канал лансиравме и промоција 3 месеци без претплата за сите корисници кои преку овој канал ќе склучат договор на 24 месеци за некоја од постпејд или конвергентните понуди.
За целото интервју - продолжете на Фактор.мк