Ирена Спасовска: Вљубена сум, се спасив од меланхолија

Фолк-пејачката Ирена Спасовска вели дека го нашла совршениот начин како да ја ослободи негативната енергија. Во изминатите неколку месеци додека сите локали беа затворени, а настапите на фолкерите откажани, Спасовска ни раскажа дека за малку ќе паднела во депресија, но спортот ја одржал.

„Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници и да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден, и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето. Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек“, вели Ирена која беше дел од учесниците на фестивалот Охрид фест.

Ирена верува дека песната „Коки мое кокиче“ од авторот Горјан Стојановски со која настапи ќе биде хит.

„ Песната наиде на позитивни критики, и мислам дека ќе биде вистинско хитче а тоа е побитно од било која награда“, додава таа.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

„Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода“, вели Ирена за својот ритуал.

Пред две години, Ирена и новинарот Орце Гелевски се разделија по 13 години врска. Пејачката сега малку зборува за својот љубовен живот.

„ Ме прашуваат дали сум вљубена... Секако дека сум вљубена, љубовта е двигател на сите нешта, така што да, љубовта е присутна околу мене во сите облици“, одговара пејачката.


Последниов период, таа е ангажирана како член во управниот одбор на здружението на естрадните уметници, чиј претседател е музичарот Горјан Стојановски.

„Со Горјан и со другите членови имаме доста активности што ни се како цел зацртани да ги оствариме за подобрување на нашата бранша“, ни рече пејачката. 

(М.Џ.) 

(ФОТО) Иста како мама: Ирена Спасовска ја покажа ќерката