Исчезнаа мајката и десетте бебеиња: Полицијата на нозе, сите ја бараат Тамара

Госијаме Тамара Ситол и нејзиниот сопруг биле целосно шокирани откако ултразвукот забележал осум бебиња, а по породувањето изненадувањето било уште поголемо бидејќи тие всушност добиле десет.

- Добивме седум момчиња и три девојчиња, среќен сум, емотивен, не можам многу да зборувам - рекол гордиот татко.

Госијаме порано родила близнаци, кои сега имаат шест години и се чувствува добро по породувањето со царски рез. Породувањето се случило во29 недела од бременоста, а бебињата се родиле во Преторија.

Наскоро треба да стане сопственичка на нов рекорд, бидејќи претходната рекордерка Халима Сиса од Мали роди девет бебиња во мај.


Мистеријата на жена која роди 10 бебиња

Јужноафриканската влада не можеше да ја потврди веста дека жената за којашто пишуваат сите светски медиуми всушност постои.

Владата исто така покрена иницијатива на социјалните мрежи за да добие информации за наводната мајка зада и помогне.

Генералниот директор на владиниот тим за комуникација рече дека се обидуваат да ја пронајдат Госијаме Тамара Ситола, за која се вели дека на 7 јуни родила 10 бебиња.

Медиумите објавија дека бебињата се зачнати природно, што е реткост во случаи кога толку многу бебиња се раѓаат во една бременост.

Веста за оваа мајка не ја потврдија лекарите ниту луѓето од Гинисовиот рекорд.


Извор: informer.rs

Фото: informer.rs

Можеби ќе ве интересира:

Хаотично е, но убаво: Емотивна приказна за семејство со девет деца (ФОТО)