ИСПОВЕД НА ЕДЕН ТАТКО: Од натпревар и пиво, до пелени и млеко

Добивај вести на Viber

Еден татко открива како му се променил животот за шест месеци откако добил дете. Во ноември добил дете и вели дека животот му се променил, па затоа сака приказната да ја сподели со другите родители.

- Никој, па дури ни јас не можам да ја разберам автоматската врска која се создава меѓу таткото и детето. Но, во првите шест недели мојата дневна рутина доживеа промена. Новата година ја поминавме со менување пелени, а едвај ги држевме очите отворени - вели тој. 

Вели дека претходните години славеле поинаку, и биле на плоштад во Берлин. 

- Заборавив како е да се гледа натпревар, а не пак да одам на фудбал. Двете големи пива ги заменив со многу шишиња млеко- додава тој. 

Раскажува дека часовите за спиење се прекратки, а во кревет си оди мртов уморен. Вели дека овој начин на живот сепак не би го сменил за ништо на светот. Додава дека се претворил во вистински хаос, но тоа за него е едно прекрасно ново искуство.