ИСТОРИЈА И ОБИЧАИ: Како се празнува Курбан Бајрам?
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е довршен Куранот. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
За овој празник жените принесуваат богата трпеза за гости. Обичај е најпрво да се оди во џамија на клањање. На ручек се поканети сите - и блиски и далечни роднини, пријатели, познаници.. Никој не треба да излезе гладен од куќата. Сите членови на семејството за Бајрам се собиаат кај родителите на бајрамски ручек. На овој начин се зацврстува врската меѓу семејството, пријателите и роднините.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.