Италија: Враќањето во нормалност според идеи од СФ-романите

Како што се намалува бројот на новозаболени во Италија, размислувањата се вртат кон нови предизвици: кога и како повторно да се отворат градовите? И како тоа да биде безбедно.

Да се имаат вистинските антитела на коронавирусот – како потенцијален маркер за имунитет – би можело наскоро да биде одредница кој може да  се врати на работа. Ова е идеја што во реалноста е преземена од дистописките романи.

Истражувачите се несигурни околу тоа, но некои политичари, како претседателот на регионот Венето, предложи специјални дозволи за Италијаните со развиени антитела.

Венето планира тестирање на 100 000 примероци на крв од своите жители, земени неделава за истражување на присуството на антитела кај оние кои го прележале вирусот. Ова е уште една незгодна етичка дебата со која се соочува Италија пред другите западни демократии кои се справуваат се уште со коронавирусот.

-Ова се чини како поделба на човештвото на два дела, на силен и слаб – вели италијански професор по етичка филозофија.

Сепак, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца смета дека кризата е далеку од крајот.

-Ситуацијата останува драматична, вонредната состојба се продолжува и пред нас се други тешки месеци – изјави тој.

Тој во интервју за „Ла Република“ предложи продолжување на социјалното дистанцирање и широка употреба на заштита зашто не може да се исклучи враќањето на епидемијата, се додека не се пронајде вакцина.