Ивана Кнез: На 20 многу цигари, алкохоли, шеќер-на 30 балансирана храна со многу зеленчук и овошје

Добивај вести на Viber

20 vs 36 напиша Ивана Кнез - сопственичка и моден дизајнер на Драма Студио.

Годините, тогаш и сега.

Животот на 20 и бил исполнет со многу цигари, алкохоли, брашно, шеќер, кока кола, со 5 минути физичка активност на ден (ко ќе се симнам по леб).

Наспроти тој период, денес кога има 36 години, дизајнерката води здрав начин на живот.

„36 - балансирана храна со многу зеленчук и овошје, секојдневна физичка активност онака за душа, повремени алкохолни испади на среќа без жртви, и фокус на денес, утре не постои, вчера помина“ , напиша Ивана Кнез на Фејсбук постирајќи и фотографија, на која видно се забележува разликата.