Ивана Кнез за татко ѝ: Не се разделивме со убаво и немав шанса да му кажам дека му простувам

Добивај вести на Viber

Креаторката и дизајнерка Ивана Кнез често искрено на социјалните мрежи споделува моменти од приватниот живот.

Така и овој пат, сподели еден момент, поврзан со нејзиното семејство, односно со нејзиниот татко кој починал пред 9 години.

„Пред 9 години, кога почина татко ми единствено нешто кое што го објавив после неговиот погреб беше Љубов, многу малку време ти даваме.. не се разделивме со убаво, не си дадовме шанса за да поправиме и немав шанса да му кажам дека му простувам и дека барам прошка за сѐ што си згрешивме. И немав шанса да му кажам дека го сакам. Со ова што го работам, и со тоа што работам на себе подобрување, се надевам дека некому ќе му дадам инспирација да не ги губи шансите за љубов, во било која форма и да е. Без разлика дали е дете или родител, партнер или и милениче, гушкајте се, сакајте се, чувајте се, бидејќи еден единствен миг, една единствена минута може да ви земе се што не сте ни свесни колку ќе ви недостасува. Љубов, сега ти го давам цело време на светот, ти се давам јас. Ќе грешиме, ќе се сопнуваме и ќе паѓаме заедно, но важно ќе се дочекаме повторно на нозе, гушнати и со крената глава“ - напиша Ивана на инстаграм.





TAA E…Ивана Кнез: „Сакам да им ја вратам жената на жените, онаа која современиот дизајн брутално им ја украде“