Ивана Николиќ иста како Ксенија Пајчин! Уште една трансформација на пејачката

Ураганката експериментирала со косата на предлог на нејзиниот фризер

Во емисијата „Амиџи шоу“ гостуваше атрактивната членка на групата „Hurricane“, Ивана Николиќ, заедно со преостанатите девојки Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ. Пејачката се појави во сосема неочекувано издание кое гоизненади дури и водителот.

Имено, Ивана експериментираше со својот изглед, се исфарба во црвена, а поради новиот имиџ неодоливо потсетува на покојната пејачка Ксенија Пајчин. 

Николиќ призна дека се согласила на овој експеримент поради нејзиниот фризер, а како што вели, воопшто не жали за тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Nikolic (@ivana_boom_nikolic)


- Што се случува? Од кога си црвена? - ја праша Огњен Амиџиќ.

- Па, морам да поздравам еден голем уметник, тој многу работеше со Ксенија Пајчин, па инспирацијата да ја направам ова промена ми е од него - истакна Ивана. 

Инаку, Николиќ во последно време често експериментира со бојата на косата. Претходно тоа беа различни нијанси на руса, а оваа трансформација беше сосема неочекувана.


Фото: Инстаграм-Ивана Николиќ/Youtube/screenshoot

Ураганката драстично го промени имиџот: Ксенија со новата боја на коса и шишки изгледа егзотично (ФОТО)