ИЗБОР НА МАЖИ НА ГОДИНАТА ЗА 2019 ГОДИНА

Признание за успешната работа ќе добијат најуспешните мажи за 2019-та година..

Oваа година по втор пат ќе се одржи избор на МАЖИ НА ГОДИНАТА во Македонија. Настанот оваа година ќе се одржи на 27 ноември (Среда) во еден од најлуксузните хотели кај нас Double Tree by Hilton.

Изборот на Мажи на годината кој е во организација на онлајн магазинот за мажи Friday.mk и агенцијата за органзирање на настани Momentum Inc. има за цел да ги награди најуспешните мажи кај нас и да влијае во во иднина на личниот и професионалниот план кај секој од нив.

Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата.

"Чест и задоволсто ни е да го најавиме вториот по ред настан за Избор на мажи на годината за 2019 кој оваа година ќе се одржи во Double Tree by Hilton. По минатогодишниот избор на Мажи на годината кој помина одлично и беше прифатен од целокупната јавност како организатори најавивме дека овој избор треба да претставува една вистинска манифетација со кој ќе ги ставиме македонските успешни мажи на пиедестал и ќе го  направиме овој настан традиција. И оваа година ќе ги ибираме 10-те наајуспешни мажи во 10 категории, од кои и главната за Маж на годината за 2019. Како и минатата година така и оваа манифестацијата е поддржана од ССK и ААМ, а во изборот на најуспешните гласа жири комисија составена од новинари, бизнисмени, компании, уметници, спортисти и асоцијации и зддруженија кои заедно со нас ќе го препознаеме  трудот, работата, активностите и на најуспешните од нив да им дадеме призание со што ќе претставува поттик во иднина за секој од нив." - изјавија организаторите.

Инаку изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности,  Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Избор на маж според социјални медиуми. Секоја категорија има свое жири кое дава свои предлози за номинација и се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите.

На првиот избор добитник на наградата за Маж на годината беше доктор Владмир Чадиковски кој ја доби и наградата за Маж со најголеми достигнувања во општеството. Добитници по категории беа уште и Живко Мукаетов,  Душко Чифлиганец , Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, Ѓорче Ставерски,  Кире Лазаров, Министерот за надворешна работи Никола Димитров, Трифун Костовски и Огнен Јанески.

Овој настан е поддржан од страна на Сојузот на стопански  комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија, а е препознаен од голем број на компании и индивидулци кои го поддржаа изборот за Маж на годината.