Избраничката на вториот најбогат човек во светот шокира: „Ми се гади од зборот мајка, не дозволувам син ми така да ми вика - ми се обраќа вака“

Грајмс, избраничката на Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, е позната по своите ексцентрични ставови и начин на живот, а неодамна во интервју за „Вог“ откри дека не е помалку невообичаена и како родител.

Пејачката и уметница призна дека не го сака зборот „мајка“, и дека нејзиниот 16-месечен син ја нарекува по име. 

„Поради некоја причина, чудно е да се каже дека си мајка. Не се поистоветувам со тој збор“, рече 33-годишната жена, додавајќи дека нејзиниот син ја нарекува Клер, а не мамо. Инаку, нејзиното вистинско име е Клер Буш.

„Можеби тој може да ја почувствува мојата одвратност кон зборот мајка. Јас дури и не знам зошто го презирам тој збор“, додала таа, сугерирајќи дека го почитува целиот концепт, но дека не ѝ одговара лично. 

Да потсетиме, Илон Маск и Грајмс станаа родители во мај минатата година и му дадоа на својот син целосно атипично име X Æ A -Xii, но тие обично го нарекуваат под прекарот X.

Пејачката еднаш откри дека не е љубител на родителството, но мајчинството ја научило да чувствува „помалку омраза, повеќе оптимизам, повеќе креативност, повеќе желба за живот и поголема почит кон жените“


Фото: Instagram/Profimedia

Домот на Илон Маск фасцинира: Најпознатиот милијардер живее во куќа од 37 метри квадратни (ВИДЕО)