Изгледа имам вишок орган во мене: Денко Космонаутко оди на принуден одмор

Нема кој не слушнал за Денис Јанкуловски, или како сам се нарекува Денко Космонаутко барем во последнава година дена.  Тој важи за најпозитивниот лик од здравствената фела во овој момент . Често нѐ расположува со статусите на Фејсбук но и со песните кои обожува да ги пее.

Неодамна се закити со големото признание „Европеец на годината“. Не поздравува со гуш и бац, но од денеска Денко оди на принуден одмор. 

Причина-неговото здравје.

Преку социјалните мреќи Денис соопшти дека ракетата ќе ги изгасне моторите на одреден период. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Од дневникот на Космонаутко или „Иако принуден, сепак одмор“

Првиот сигнал беше на Велигден. Вториот сигнал во четвртокот. Штурчето на Пинокио вика седи Денко дома, одмарај. И решението е - ракетата ќе ги изгасне моторите на одреден период. Анализи, интервенции, се што треба, но ништо не е воопшто ниту тешко ниту страшно се додека има решение. Изгледа имам вишок орган во мене без кој сепак се може .

Одмор. Овојпат навистина ќе биде одмор, посветен на здравјето и на семејството. Повеќе време да поминам со мојата потпора и поддршка во секоја ситуација. Повеќе време со мојот херој Biljana Jankulovska а со нејзе ниедна ситуација не е тешка 

За жал извесно време нема да сум дел од вакцинацијата но се надевам дека од утре ќе биде многу помасовно, многу мои познати па и непознати без термин секојдневно ќе ми пишуваат „се вакцинирав“.

Чувајте се и понатаму за што побрзо да кажеме конечно КРАЈ на ова лудило кое предолго трае. Се дружиме секако и понатаму, се надевам набрзо и ќе си се видиме онака како што сакаме и како што е најубаво, со многу насмевки, прегратки и многу многу љубов.

И да. Здравјето пред се. Ма немам гајле, кога имам таква позитивна енергија околу мене 

Се` ќе биде. Се` што ни треба е позитивна мисла, ведар дух и убава песна.

Се слушаме, читаме и гледаме 

Гуш и бац од Космонаутко Одморко.“, напиша Денис на Фејсбук.