Изгледот му го довери на еден човек, и не погреши: Неверојатна транформација на Антониа Гиговска во новиот спот

Добивај вести на Viber

Младата македонската пејачка Антониа Гиговска и овој пат покажа дека е подготвена да експериментира со нејзиниот изглед, а тоа е така затоа што целосната доверба ја има во нејзиниот стилист Даниел Николовски.

Со нејзиниот последен видеозапис за песната „Жена“, Антониа направи револуција што се однесува до нејзиниот стајлиг. Младата и атрактивна пејачка продолжува во тој правец и за нејзиниот најнов проект.

Имено, пејачката се огласи од Египет каде три дена го снимаше најновиот спот за нејзината нова песна. Антониа и екипата одбраа пустинска локација за новото музичко парче. Пејачката на патувањето во Египет замина со нејзиниот близок пријател и стилист Даниел Николовски, режисерот Даниел Николовски и фотографот Антонио Станковски.

На новото видео Антониа ќе ја покаже нејзината долга руса коса, а златните раце на Даниел со помош на шминка направиле да се долови специфичниот албино изглед.

Фото: Инстаграм
РЖМ