Излечени повторно заболуваат: Ова го преживуваат 91 лице од Јужна Кореја

Во Јужна Кореја, 91 „излекуван“ пациент повторно се позитивни на коронавирусот. 

Џеонг Еун-Кјонг, директорка на Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (КЦДЦ) изјави дека е поголема веројатноста вирусот да се реактивирал отколку пациентите повторно да биле заразени.

Здравствените работници во Јужна Кореја велат дека е нејасно како се случило тоа и оти епидемиолошките истражувања сè уште се во тек.

Јужна Кореја денеска информира за 27 нови заразени, што е најмалку од февруари кога имаше и до 900 случаи на ден. Градот Даегу, каде избувна епидемијата, нема нови случаи за првпат од февруари.Меѓународната заедница истражува дали оние кои го прележале коронавирусот може повторно да се заразат.