Излегуваме само на пазарење, децата ни пеат дома: Семејно со Соња Тарчуловска

Најмалата ќерка на пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан, Јоана, вчера наполни пет години.  Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на најмалата ќерка: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.
Сè што е во тебе зрачи со љубов. Во суштина ти по илјада пати во денот пренесуваш љубов, а од другите само тоа го бараш да бидеш сакана а ние многу те сакаме.
СРЕЌЕН 5 РОДЕНДЕН, ОСТАНИ ТАКВА КАКВА ШТО СИ. Те сакаат мама,тато, бато и дада“, напиша Соња.

Роденденската прослава, како изненадување ѝ ја подготвија постарата сестра Мелани која има 15 години и братот Младен, кој наскоро ќе наполни 13.

„Дома го прославивме роденденот, украсивме и сами се забавувавме. Јована нè забавуваше, таа е тик-токерка. И Мелани ни пееше и баш убаво се дружевме“, ни рече Соња за најмалата и за постарата ќерка која е музички талентирана.

„ Во моментот се подготвуваме и за еден фестивал што го организираат во Малта, „Golden Voice“. Мелани ќе учествува и ќе се натпреварува заедно со 39 деца од различни држави. Ќе пее песна од Бруно Марс. Сите сме многу среќни поради тоа“, додава Соња.

Пејачката вели дека за време на пандемијата поради коронавирусот, таа и семејството строго ги почитуваат препораките.

„За време на пандемијава сме дома и излегуваме само ако треба нешто да се пазари. Жал ми е за сите, но најмногу за Младен, тој е спортист, тренира ракомет и му недостасува тренингот. Требаше да оди во ракометниот камп на Кире Лазаров, но за жал кампот се одложи. Мелани пак, освен што постојано ни пее почна да станува вешта во кујна. Научи мафини да прави, а јас се преусмерив во кујна. Сите качивме по некое килце. Навечер гледаме филмови, преку ден со обврски по дома, ни поминува времето брзо. Со Јована учиме да броиме, пишуваме, другиот септември ќе биде прваче. Мелани за музика, Младен за спорт, а Јоана изразyва желба за цртање“, раскажа Соња.

М.Џаровска