Износени домашни влечки, остатоци од сапун: Поради 6 детали во домот, луѓето мислат дека сте неуредни и скржави

фото:Shutterstock

Многумина забораваат на ова!

Никој нема да биде воодушевен ако му понудите да носи шупливи или валкани домашни влечки во вашиот дом.
Кога влегуваме во нечиј дом, нормално е да погледнеме малку наоколу, и неизбежно да донесеме некои заклучоци за домаќините, нивниот карактер, навики и начин на живот.
Луѓето кои влегуваат во нашиот дом го прават истото.
Многу често ги забележуваме и најмалите детали, а тие всушност откриваат најмногу, пишува Bright Side.

1. Износени домашни влечки
Иако за на улица внимаваме да не носиме излитени чевли, некако забораваме на тоа дома, па се случува да бидеме принудени да им понудиме на нашите гости влечки во распаѓачка состојба. 
Ако често имате гости, нека има еден или два пара домашни влечки во плакарот, кои не мора да бидат многу скапи, но нека бидат чисти и користени само за нив - за гостите. Делењето чевли секако и не е хигиенско и никој нема да биде воодушевен ако им понудите шупливи или валкани домашни влечки.

2. Остатци од сапун
 Имаме тенденција да мислиме дека е премногу расипничко да фрламе мал остаток од сапун, дури и ако е толку мал што повеќе не може да се користи. Затоа ги оставаме таквите остатоци настрана во посебен сад, каде што можат да стојат со месеци, да собираат прашина и да изгледаат навистина грдо и нехигиенски. Ако сакате да го користите секој грам сапун, преминете на течен сапун. Ако се држите до употреба на тврд сапун за раце, фрлете ги неговите остатоци веднаш штом тие повеќе не се употребливи. 

 3. Навлаки на мебел
Иако денешните производители на мебел претежно користат долготрајни материјали отпорни на дамки, многумина од нас сè уште користат навлаки за секој случај. Тие не само што ја кријат убавината на вашиот мебел, туку бараат и постојано опремување и често изгледаат неуредно. 

4. Излупени/пукнати садови 
Дури и најквалитетните садови имаат свој рок на траење, па штом ќе исчезнат делови или дезени, време е да ги замените со нова. Во никој случај не служете гости со кафе или пијалоци во пукнати или излупени чаши! 

 5. Стари и валкани материјали за чистење на куќата
 Денес, приборот и материјалите за чистење можат лесно и евтино да се заменат, нема причина да се чува нешто што повеќе не може да се мие и е во фаза на распаѓање. Кога ќе видат вакво нешто, гостите обично мислат дека сте неуреден.

6. Искинати и истрошени кујнски крпи
 Ништо поубаво од убави, квалитетни, чисти кујнски крпи. Но, многумина од нас имаат навика сè уште да чуваат и користат излитени, искинати и извалкани кујнски крпи. Зошто? 

извор:stil.kurir.rs

-Седум важни фенг шуи заповеди кои треба да ги внесете во спалната соба
-Привлекуваат негативна енергија: Брзо исфрлете ги од вашиот плакар
-Здравјето на вашето дете е најважно: Исфрлете ги овие 10 работи од домот