Израсна во луксуз, беше една од најубавите жени, стана зависничка: Сега е непрепознатлива

Лана Дел Реј вчера го прослави својот 36-ти роденден, а деталите за нејзиното мрачно минато не им се познати на многумина.

Талентираната Лана е родена во Њујорк на 21 јуни 1985 година и поради нејзините контроверзни текстови на песни и спотови, таа многу брзо се прослави во Холивуд. Инаку, Лана е ќерка на Роб Грант, милионер и инвеститор, па затоа уживаше во раскошот уште од мали нозе.

Пејачката се запишала на метафизика по средното училиште на универзитетот Фордхам во Бронкс, бидејќи сакала да најде врска помеѓу религијата и науката, но не завршила затоа што ѝ одела математиката.

На млада возраст, таа започнала да пишува текстови и песни што ги изведуваше во ноќни клубови во Њујорк. Во 2010 година, го издаде својот прв студиски албум „Лана Дел Реј“ за независна издавачка куќа. Албумот беше повлечен од продажба по краток период од неразјаснети причини, и таа никогаш не зборуваше за тоа јавно.

Лана Дел Реј за едно странско списание изјави дека е зависничка од алкохол, а на 14-годишна возраст за прв пат била на рехабилитација.

„Пиев алкохол секогаш кога ќе имав можност, честопати сама. Тогаш мислев дека е во ред. На 14-годишна возраст, родителите ме испратија за прв пат на клиника за рехабилитација", рече пејачката.

Пејачката сега наводно се свршила со пејачот Шон Ларкин, кого го запознала преку апликација за средби, а папараците ја сликале на улиците во Лос Анџелес, кога нејзиниот огромен прстен се појавил во прв план, па затоа било јасно дека претпоставките се точни и дека Лана била верена.
Лана донесе одлука да не се појавува во јавноста некое време, а папараците ја уловија при опуштена прошетка, но особено еден детаљ го привлече вниманието на нејзините обожаватели.

Промената беше особено изразена во комбинацијата за која се одлучи пејачката. Фармерките и бела маица откриваат дека пејачката се поправила.

Нејзиниот изглед и тежина наидоа на негативни коментари, имајќи предвид дека секогаш имала исклучително витка линија, така што ова претставува огромна промена во нејзиниот имиџ. Покрај тежината, медиумите и фановите коментираат дека Лана го уништила својот изглед со прекумерна употреба на филери и ботокс.

Покрај тоа, за Лана долго време се зборуваше дека е искривена од операциите, а промените се највидливи на нејзиниот нос. Странските медиуми јавуваат дека Лана не го коригирала само носот, туку дека имала интервенции на лицето - уста, јаболчници...

Многумина го коментираат и нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Откако Лана се поправи 15 килограми, според странските медиуми, таа веднаш станала жртва на „fat shaming“. Ова всушност значи дека таа била навредувана, омаловажувана и критикувана само поради нејзиното тело - затоа што очигледно изгледа дека „таа не смее да си дозволи да се здебели“.

Американската пејачка не се грижи премногу за критичарите, а на крајот на март го издаде својот нов студиски албум наречен „Chemtrails Over the Country Club“, скоро една година откако го откри неговото име.

По објавувањето на албумот „Norman Fucking Rockwell!“ во 2019 година и минатогодишната „Violet Bent Backward Over the Grass“ новото издание вклучува претходно објавени песни „Let Me Love You like Woman“ и песната по која беше именуван албумот - „Chemtrails Over the Country Club“.

извор:stil.kurir.rs
фото: PROFIMEDIA