Изводот на родени на малата Лилибет откри дека Хари го прекршил ветувањето: Меган се откажала од титулата, но принцот не

Принцот Хари (36) пристигна во Велика Британија по повод церемонијата на откривање на статуата на неговата покојна мајка, принцезата Дајана.

Имено, иако се скарани со неговиот брат Вилијам (39), тие двајца ќе мора да ги средат односите или барем тој ден ќе се преправаат дека сѐ е во ред.

Се очекува дека Хари ќе оди пет дена во самоизолација во Виндзор, пред да се сретне со брат му на 1 јули во палатата Кенсингтон, на обележувањето на 60 - от роденден на принцезата Дајана.

Сопругата на Хари, Меган Маркл (39) остана во Калифорнија, бидејќи неодамна ја роди малата Лилибет, а со нив останал и малиот Арчи.

Овие денови странските медиуми пишуваат за тоа дека Меган останала без титула, што се гледа по Изводот на родени на Лилибет „Лили“ Дајана Моунтбатен - Виндзор.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)

Покрај името на Хари сѐ уште стои титулата Негово кралско височество (His Royal Highness), како и војвода од Сасекс, додека Меган се откажала од својата титула и покрај името на мајката, стои само Рејчел Маркл, нејзиното вистинско име.

Сепак, оставена ѝ е титулата војвотка од Сасекс, бидејќи била подарок од кралицата Елизабета Втора (95) по повод венчавката. Хари минатата година кажа дека по напуштањето на кралските должности ќе се откаже од титулата, но изгледа дека ја има задржано.

фото: Tanjug/AP