Ја миете косата со врела вода, не го чистите чешелот: Најчести грешки кои ја оштетуваат косата

Добивај вести на Viber

Сува коса, со испукани врвови!

Вие, како и секоја вистинска дама, секако обрнувате многу внимание на грижата за вашата коса за да ја одржите негувана и здрава. Сепак, ќе се согласите, ништо не ја истакнува вашата убавина толку како косата. Сепак, може несвесно да правите грешки кои ја оштетуваат вашата коса.

Многу жени често мислат дека користењето на голем број производи за нега на коса, само по себе, ќе ја направи совршено здрава. Притоа, тие забораваат да обрнат внимание на работите што може гиправат погрешно секој ден и со тоа да го уништат целиот напор вложен за одржување на скалпот.

Затоа, откријте кои 6 работи и штетат на вашата коса секој ден:


Чистете ја четката за коса редовно

Целта на чешлањето не е само да изгледа уредно косата, туку и да се отстранат заплетканите влакна и мртвите клетки на кожата. За време на чешлањето, паднатата коса се акумулира на четката, па ако не ја чистите редовно четката, чешлањето може да ја оштети и искине здравата коса.

Исто така, ова може да направи вашата коса да изгледа валкана и мрсна, а вие дефинитивно не го сакате тоа.

Ако имате првут, тогаш четката е идеално место за раст на бактериите. Затоа, треба да ја миете четката за коса на секои неколку дена, за што ви требаат само неколку минути. Верувајте ни, вашата коса ќе ви биде благодарна за тоа.

Кажете не на миењето на коса со топла вода

Ова е една од најчестите грешки што ја прави вашата коса тенка и кршлива. Покрај тоа што се исплакнува бојата и заштитните масла кои се одговорни за квалитетот на косата, топлата вода го суши скалпот, што може да доведе до побрзо мрсење на косата и првут. Би било идеално да користите млака вода за миење на косата, со што ќе се отстрани нечистотијата, но истовремено ќе се подобри циркулацијата на крвта во скалпот.

Косата не треба да се чешла додека е влажна

Кога е влажна, косата е неколку пати почувствителна отколку кога е сува. Па добро исчешлајте ја косата пред да ја измиете и само кога е целосно сува,. Чешлајте ја косата од краевите, а потоа продолжете да ја чешлате кон коренот на косата. Ова ќе го намали оштетувањето на косата на минимум.

Нежно со крпа

Друга навика што треба итно да се отстрани е грубо триење на косата со крпа по миењето. На овој начин, косата станува тенка и се крши, а вие, пак, добивате искината и оштетена коса. Замотајте ја влажната коса во крпа и почекајте ткаенината да ја апсорбира водата, а потоа протресете ја со прстите и исушете ја на вообичаен начин.

Дали ја врзувате косата во опавче?

Ако вашата омилена фризура е високо (коњско) опавче, треба да знаете дека ова прави голем притисок врз коренот на косата. Резултатот е интензивно опаѓање на косата. При продолжено дејство, оваа практика може да доведе до поголем пад на косата.

Редовна фризура = поздрава коса

Шишајте ги краевите на вашата коса на секои два месеци бидејќи тоа ќе го намали нивното кршење и ќе го минимизира изгледот на цветањето на косата. Ако вашите краеви се оштетени, без оглед на тоа што тврдат рекламите, дури и најскапите производи за нега на коса нема да ги обноват.


Можеби ќе ве интересира:

Бидете урбани и модерни: Топ фризури погодни за зима