Ја обожаваат на Инстаграм: Здрави рецепти со Стефанија Несторовска

Добивај вести на Viber

Стефанија Несторовска е 25-годишна девојка на која вежбањето ѝ е дел од секојдневната рутина веќе неколку години.

Желбата за подобра исхрана спонтано се разви во она што денес претставува Инстаграм профилот на младата девојка. Нејзините рецепти ги обожаваат сите, а нивното смислување и тестирање за Стефанија претставува релаксација.

Во нив користи исклучиво здрави намирници, зошто смета дека покрај вежбањето за целиот тој здрав живот огромно значење има тоа што го јадеме.

Во соработка со Женски Магазин, следува серијал на здрави рецепти со Стефанија, со кои ќе ве натераме да се инспирирате за водење здрав начин на живот.

Почнуваме со рецептот за леб од бадеми и кокос.

Потребни состојки: 

75 гр. мелени бадеми 

50 гр. сув кокос

2 лажици кокосово брашно

1 лажичка прашок за пециво

1 лажичка цимет

125 мл. млеко од бадем или млеко по желба

2 лажици мед (доколку сакате поблаго додадете повеќе)

1 лажица стопено кокосово масло

2 јајца

1 лажица свеж сок од лимон

Подготовка:

1. Во голем сад се додаваат сите течни состојки.

2. Убаво се промешува, па се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува за состојките да се соединат.

3. Смесата се додава во тава за печење леб обложена со хартија за печење и се пече 30-40 минути на 180 степени.

4. Се остава 15-20 минути на собна температура пред да се исече.

5. По желба се додава чоколаден прелив, свежо овошје, кокос и слично.

Aко сѐ уште не сте го пробале сега е вистинското време!

Бонус тип: Содржи многу малку шеќер, па е идеален за балансиран доручек или ужинка во текот на денот. Направете си го уште веднаш, чувајте го во затворен сад во фрижидер и ете супер идеја за „breakfast on the go“.