Ја обожавав бременоста, но не чувствував поврзаност со бебето: Ни парите не можеа да ги спречат проблемите по породувањето!

Здравствената состојба ѝ се искомплицирала толку што дури имала три операции за краток период! Но, заборавила на сета своја болка кога ја здогледала својата Олимпија.

Серена Вилијамс не е само тениска ѕвезда, туку и многу отворена славна личност која дели многу работи од приватниот живот со јавноста. Таа е вистински воин, која ја покажува својата борбена страна не само на теренот, туку и во рингот со менталните и физичките здравствени предизвици кои ги доживеала како мајка.

Таа го направи видливо она што многумина претходно го чуваа во мрак од страв да не бидат критикувани и сочувствуваше со многу жени кои поминале низ слични ситуации.

Една од најуспешните спортистки на сетот храбро ја презентираше својата исповед за бременоста и првите денови со бебето! Не можеме повеќе да ѝ се восхитуваме на нејзината издржливост и упорност да биде мајка за пример! Уште од мала ѝ беа важни три работи: посветеност, самодоверба и храброст. Тоа беа нејзините алатки за успех и во приватниот и во професионалниот живот.


Серена за прв пат зеде тениски рекет на тригодишна возраст. Уште како девојче, спортот има значително физичко влијание врз неа: „Ги шинав глуждовите, ги скршив колената, играв со извртена Ахилова пета и оставив половина од натпреварите поради грчеви во грбот“.

Таа се соочи и со белодробна емболија во 2011-та година, поради што беше во критична ситуација. Таа ја претрпе, како што и самата рече, секоја замислива повреда: „Го знам моето тело“.

Потоа пристигна 2017-та година и за Серена сè изгледаше чудесно. Таа година стана тенисерка со најмногу Грен слем титули во Опен ерата (од 1968 година) со 23 трофеи. Во септември стана мајка, а во ноември на прекрасна свадба се омажи за претприемачот и ко-основач на „Редит“, Алексис Оханијан, со кого е во врска од 2015-та година.

Сè  изгледаше совршено, но приказната за нејзиното раѓање целосно ја расипува таа идилична слика!

Серена дознала дека е бремена 2 дена пред Австралија Опен. Во тоа време, телото кое толку добро го познаваше и кое ѝ даваше долги години посветеност, беше целосно посветено на грижата и негувањето на новиот живот во неа. Во првиот триместар Серена имаше главоболки и чуден вкус на железо во устата, но ништо алармантно.

View this post on Instagram

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


- Имав прекрасна бременост. Претпоставувам дека сум една од оние жени кои сакаат да бидат бремени. Уживав во позитивното внимание, бидејќи сум навикната на критики и негативна енергија што ја добивам од медиумите - изјави тенисерката.

Меѓутоа, таа признала дека станала опседната со тоа да ја роди ќерката во септември, па на крајот на август примила апче за предизвикување породилни болки.

- Дојдоа контракциите и беше супер! Иако жените обично не го кажуваат тоа, јас уживав. Живеев во моментот. Ги сакав и грчевите, го чувствував моето тело како се обидува да се справи. Сепак, пулсот на Олимпија почна да расте и опаѓа. Време е за царски рез. Многу сакав природно породување, но тоа не беше судено. Да се ​​биде спортист значи дека постојано го контролираш своето тело, ја покажуваш неговата моќ, но значи и дека знаеш кога да се откажеш – заклучи Серена.

Но, по царскиот рез се чувствувала многу лошо, се гушела. Не можела да дише, па почнала да кашла за да добие повеќе воздух. Таа кашлала толку силно што раната од царскиот рез повторно се отворила. Морала да биде оперирана по втор пат. Знаела дека нешто не е во ред, па побарала од медицинскиот персонал да ѝ ги тестираат белите дробови, но тие не обрнале малку внимание. Инсистирала додека лекарот не направил тестови и не открил згрутчување на нејзините бели дробови. Таа по трет пат морала да оди на операционата маса... иако, сè поминало во најдобар ред!

Сите овие здравствени проблеми ја разделија од нејзината ќерка Олимпија веднаш по породувањето. И кога конечно требаше да се сретнат, таа се чувствуваше многу нервозна!

- Никогаш не чувствував поврзаност со неа во текот на бременоста. Додека обожавав да бидам бремена, никогаш не ми помина таа мисла: „О Боже мој, ова е моето бебе“. Ова е нешто за кое луѓето често не зборуваат, бидејќи треба да бидеме заљубени од првата секунда. Да, јас бев лавица која ќе го заштити своето бебе по секоја цена, но не бев возбудена поради неа. Во текот на бременоста очекував да се чувствувам како веќе да ја познавам, но тоа чувство никогаш не се појави – објасни таа.


Од друга страна, она што Серена го почувствувала кон Олимпија кога ја видела е љубов на прв поглед.

- Кога конечно ја видов, веќе знаев дека ќе биде моето девојче. Веднаш се заљубив во неа. Не беше баш моментално, но беше таму, а првата средба беше доволна да извади сè  на површина. Не можев да престанам да ја гледам – заклучи Серена Вилијамс.


Извор: stil.kurir.rs