Ја променија верата поради љубовта: 11 познати личности кои се откажаа од својата религија

Пред неколку години, јавноста беше шокирана кога се шпекулираше дека пејачката Џенет Џексон премина во ислам заради нејзиниот избраник. 

Нивната љубов не траеше, а пејачката подоцна не се изјаснуваше за своите религиозни убедувања по разводот.


Сепак, таа не е единствената која, поради љубовта, реши да направи толку голем чекор како што е промена на верата.

Погледнете кои други славни личности се одлучиле на тој чекор: 

Актерката Рита Вилсон е горда на грчкото потекло и е православен христијанин, а нејзиниот сопруг Том Хенкс, кој е роден католик, премина во Православие.


Мерилин Монро е родена христијанка, а кога се омажи за Артур Милер во 1956 година, таа премина во јудаизам. Откако се разведоа, оваа религија веќе не беше дел од нејзиниот живот.


Иванка Трамп, ќерка на бизнисменот и претседател на САД, Доналд Трамп, порасна како Презбериец, но пред нејзиниот брак со Џаред Кушнер во 2008 година, таа се преобрати во јудаизам. Таа не го стори тоа само за да му угоди на неговото семејство, но, потенцира дека таа самата ја смета оваа религија за добра затоа што го поврзува семејството.


Кејти Холмс пред да се омажи за актерот Том Круз, премина во Скиентологија. Сепак, откако таа се разведе од Круз, актерката повторно почна да оди во католичка црква.


Меѓу славните кои неодамна се откажаа од религијата заради нивниот партнер е и Зое Дешанел, која, наводно, преминала во јудаизам заради нејзиниот сопруг Џејкоб Печеник. Нејзините обожаватели беа особено изненадени затоа што таа никогаш не се однесуваше како личност на која и е важна религијата.


Малкумина се сеќаваат дека Елизабет Тејлор преминала во јудаизам, на 27-годишна возраст, по смртта на нејзиниот трет сопруг Мајкл Тод.


Убавата комичарка Ајла Фишер три години се подготвувала за преминување во јудаизмот, за нејзината свадба со комичарот Саша Барон Коен, да биде во согласност со еврејската традиција.


Иако е роден во еврејско семејство, комичарот Џек Блек подолго време истакнуваше дека е атеист. Меѓутоа, кога се ожени со убавата Тања Хајден, тој одлучи да се врати во синагогата и религијата да биде важен дел од животот на неговото семејство.


Јудаизмот беше и изборот на актерката Дру Баримор, која се омажи за Вил Копелман во согласност со еврејските правила. Таа истакна дека има чест да има можност да ужива во толку убава вера, како и дека ќе ги воспитува децата во тој дух.


Елизабет Банкс и Макс Ханделман се запознале и се вљубиле еден во друг на првиот ден од колеџ, а нивната љубов била толку силна што на актерката не и' било тешко да се одрекне од христијанството во корист на јудаизмот. Со оглед на тоа колку долго се заедно, таа еднаш истакна дека од почетокот на колеџот живеела според правилата на оваа религија и дека со години не украсува новогодишна елка.

извор: glossy.espreso.rs

фотографии:Profimedia