Ја сакам, но не онаква каква што е сега: Отфрлениот татко на Меган Маркл повторно суров кон неговата ќерка

По повод новата книга, која ќе ја види светлината на денот и открива непознати детали за кралското семејство, се огласи и татко и на сопругата на принцот Хари.

Целиот свет зборува за книгата,  која го има симболичкиот наслов „Во потрага по слобода“ и открива бројни пикантерии од животот на британското кралско семејство.

По повод книгата проговори и отфрлениот татко на Меган Маркл, Томас Маркл, кој имаше остри зборови кон својата ќерка и Хари за нивната наводна улога во креирањето на оваа книга. Тој изјави дека избрале лош момент за ова.

Маркл не беше воопшто нежен, па откри дека ја сака својата ќерка, но дека не сака каква личност станала. Тој, исто така, истакна дека оваа книга само ќе ја зголеми тензијата меѓу членовите на кралското семејство.

Патем, тој имаше специјална порака од неговиот дом во Мексико, преку новинарската агенција „Sun“:

- Ова е најлошото време на светот за тие да се жалат на ништо, затоа што премногу луѓе во моментов страдаат од пандемија на коронавирус. Ја сакам ќерка ми, но не ја сакам личноста што таа стана.


Фото: Profimedia

Слатко и романтично: Кога и каде Меган и Хари за првпат рекле „Те сакам“