Ја сакам секој ден сѐ повеќе: Емотивната приказна на легендарниот рокер која ни ја враќа вербата во љубовта

Џон Бон Џови неодамна прослави јубилејни 30 години брак. Тој и неговата сопруга Доротеа Хрли го кажаа сидбоносното „ДА“ уште во 1989 година, а денес се горди родители на ќерката Роуз и на синовите Џеси, Џејкоб и Ромео. Нивната љубов е една од најдолговечните во светот на шоубизнисот.

- Со годините, нашата љубов е сѐ посилна. Кога ќе погледнам назад, бракот е дефинитивно најдобрата работа што ја направив. Триесет години заеднички живот е уште поголем успех ако се земе в предвоид дека нашиот почеток не ветуваше многу - раскажува фронтменот на легендарниот состав „Бон Џови“.

Доротеа уште од почетокот на кариерата на славниот сопруг е на мета на неговите обожавателки, уште од времето кога со тогаш 27-годишниот музичар тајно се венчаа.

- Кога се вратив од Лас Вегас, мојот менаџер полуде. Ми рече: Миленикот на Америка се ожени, тоа не е добар потег за кариерата. Ниту мајка ми не беше воодушевена - се сеќава харизматичниот рокер кој во тоа време важеше за еден од најголемите секс-симболи.

Неговиот брак толку ги потресол неговите најблиски што и бендот бил речиси пред распаѓање.

- Многумина се обидоа да уништат нешто преубаво - призна Џон Бон Џови во интервју за една австралиска телевизија.

Во тоа време морал да биде многу дискретен. Имал лоши период на почетокот од бракот, се чувствувал како пијан, поради притиосокот на јавноста. Сепак, во ниту еден момент не се посомневал во љубовта кон Доротеа.

- Доротеа и јас бевме навистина среќни. Таа е моја потпора, карпата во моето семејство и во мојата кариера. Благодарен сум што во животот имам таква личност во која имам доверба и која навистина многу ја сакам - вели тој.

Уште додека не биле во брак, Доротеа била таа која му помогнала да преживее еден исклучително тежок период во кариерата, кога во 1986 година иднината на бендот била под знак прашалник. Џон во тоа време, кога во полн ек била турнејата Slippery When Wet, се борел со депресија, а кога му било најтешко дури размислувал и на самоубиство. Големи пари биле во игра и менаџментот никако не помислувал да откаже некој од концертите за да може пејачот да се одмори. На турнејата одработил 240 концерти, се вратил дома и веднаш почнал да создава за новиот албум. За Џон Бон Џови тоа било премногу.

И тогаш и денес, Доротеа го следи на турнеите. Двојката се запознала уште во средно училиште кога и ја започнале врската. Таа смета дека тајната на нивната голема љубов е што растеле на истиот начин, со ист ритам и во исто опкружување. Џон, пак, скромно вели дека за успехот на нивниот брак најзаслужна е жената со која се венчал.

- Таа го држи нашето семејство заедно. Јас сум луд визионер околу кого лета сѐ, шевовите се распаѓаат, а таа ме следи со конец и игла за сѐ да биде беспрекорно - нагласува американскиот гитарист и пејач.

Доротеа во една прилика раскажа дека многу вложуваат за нивните деца да имаат нормален живот. Да се биде сопруга на рок-ѕвезда не е лесно, но таа, како што вели, е пресреќна што нејзиниот маж и понатаму има толку многу обожавателки.

- Немам љубовница, не водам двоен живот, немам уште едно семејство на другиот крај од градот. Никогаш нема за мене да прочитате таква приказна. Не жалам поради таквиот животен стил - се изјасни пејачот.

Сепак, нивната љубов не е чиста како солза, барем според пишувањата на медиумите. По четири години врска, Џон и Доротеа раскинаа на кратко, а во тој период тој се појави во прегратка на актерката Дајан Лејн. На крајот, рокерот повторно се смири со љубовта на својот живот.

Џон Бон Џови со сопругата и децата годинава минатата година летуваше во Хрватска, а по објавените фотографии фановите беа едногласни дека еден од синовите е негова копија