Jа сакаше лудо и до крај: Бајковитата љубовна приказна на Арсен Дедиќ и Габи Новак

Малку се оние љубовни приказни кои се вистински, а нè пленат со нивната величественост, возвишеност и мир. А една од нив е приказната на Арсен Дедиќ и Габи Новак.

„Се се одвиваше полека, бевме пријатели, бевме како брат и сестра и еден ден двајцата сфативме дека „умираме“ еден за друг “- зборувше Арсен.

Тие не можеа да го замислат животот без еден без друг. Времето покажа дека се совршен пар, пример за бајковита љубовна среќа.
Тешко е да се верува дека е можна таква хармонија на телото и духот меѓу две суштества.

Арсен пееше убаво и искрено за Габи: дали сте вистинска или сенка… и реалноста почнува да доминира со допир на усните. Сенката се претвори во реалност…“ 
Она што поетот го става во сенките, ретко се исполнува со реалноста. Сепак, можно е. Две надарени суштества успееја да си дадат живот како сон. Заедништво и поддршка, разбирање, толеранција, безбедност и радост што тие си ги носат еден на друг со своето присуство. Нивната одбранбена кула беше љубовта.

Арсен и Габи се сретнаа за прв пат во 1958 година во Загреб пред ТВ-студио кое повеќе не постои. Во тоа време Габи беше во нејзиниот втор брак со композиторот Стипица Калодер.

Арсен беше оженет со Весна. Од тој брак имаше ќерка, Сандра. Арсен бил во брак со Весна само три години, се оженил додека таа сè уште била студентка. Тој вели дека во тие три години поминал половина од времето во армијата. Тоа беше брак без перспектива. Бракот на Габи траеше до 1970 година, а на Арсен до 1965 година.

Од првата средба, Арсен и Габи стануваат добри и неразделни пријатели и соработуваат музички. Тие првпат ќе се појават заедно на сцената во 1964 година.

По разводот на Габи во 1970 година, тие решија да започнат да живеат заедно. Хармонијата на нивниот живот заедно ги направи среќни. Го загубија првото дете, но тие ја надминаа таа болка заедно и продолжија понатаму. Официјално стапиле во брак непосредно пред раѓањето на нивниот син Матија - во 1973 година - плодот на нивната љубов.

Животот заедно, за кој никогаш не се пожалија и покрај бројните несреќи низ кои поминувале, траеше 42 години, сè до смртта на Арсен. 

„Габи вети дека ќе остане со мене до крајот“, рече Арсен.
Арсен истакнуваше дека отсекогаш важно им било само да бидат заедно во сè. Најдобриот период од животот го помина со Габи. По неговата смрт, во јавноста ги слушавме истите зборови од Габи.

- Тој многу добро знаеше дека ќе најде во мене жена која ќе го поддржува до последен момент, која ќе го негува, ќе го заштити, ќе биде покрај него и никогаш не ќе рече ништо грдо - рече Габи по смртта на Арсен.

Што и да кажат тие за нивната љубов, ќе се согласиме.
Важно беше за Арсен да има некој да живее по неговата смрт: Матија е тука, и таа мора да оди понатаму со него. Габи го послуша како и секогаш, се крена од болката и продолжи да пее со својот син. И таа ќе пее сè додека може.
Делото на Арсен е нејзина инспирација, таа ќе собере и објави сè што останало од него. 

Арсен сметаше дека неговиот најголем успех во животот е тоа што ја пронајде, и успеа да живее со Габи. Ние, кои бескрајно се восхитуваме на неговиот уметнички опус, можеме само да ја почувствуваме бесконечноста на неговата љубов кон Габи. 

Само погледнете ги нивните споделени фотографии од помлади денови и подоцна. Блискоста е секогаш иста… годините не сменија ништо…

А приказната за големата љубов на Арсен и Габи е обвиткана со песна и музика.


извор:stil.kurir