Ја „шутнал“ на најбеден начин: 91 годишниот милијардер Мардок ја остави сопругата понижувајќи ја - „Срцето ми е скршено“

Mоделот и актерка Џери Хол е целосно уништена и со скршено срце откако нејзиниот брак со медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) ненадејно заврши. Имено, милијардерот наводно ја оставил преку мејл додека го чекала во Лондон, пишува „Дејли мејл“.

Наместо да му посака добредојде на нејзиниот сопруг, Џери добила мејл од него во кој пишувало дека нивниот брак е завршен и дека целата идна комуникација меѓу нив ќе биде преку адвокат.

Поранешната манекенка, која наскоро ќе наполни 66 години, се омажи за Мардок во 2016 година, а за брачната несреќа ги обвини неговите деца, кои, барем како што таа тврди, предизвикале раздор меѓу нив.

„Сè уште го сакам...Срцето ми е скршено“, наводно им рекла Џери на пријателите.

Медиумите јавуваат дека тензијата меѓу оваа русокоса и децата на Мардок настанала за време на пандемијата на корона вирусот. Извори блиски до Хол тврдат дека таа ја презела улогата на еден вид „чувар“ на нејзиниот сопруг, за да го заштити од фаталниот вирус. Таа, исто така, наводно се пошегувала дека таа е неговиот „полицаец од Ковид“, што дополнително ги поттикнало неговите деца да помислат дека Џери сака да ги раздели од нивниот татко.

„Мислеа дека го држи подалеку од нив. Така е, таа ги обвинува за неуспехот на бракот. Очигледно не ѝ веруваа“, рекол неименуван нејзин пријател, тврдејќи дека однесувањето на децата на Руперт доаѓа како непријатно изненадување за неа.

Пред неколку месеци, Гери и поширокото семејство Мардок се сретнаа за да разговараат за тоа што би можела да наследи по смртта на Руперт. Иако двајцата потпишале предбрачен договор, некои членови на кланот Мардок наводно инсистирале таа да не добие ниту денар повеќе од договореното, пренесува „Јутарњи.хр“.

„Џери е навистина скршена, ова и дојде како гром од ведро небо! Еден ден планираа заедно како да го поминат летото во Лондон, а веќе следниот ден таа го доби овој мејл со инструкции да контактира со него само преку адвокатот“, истакнал изворот.



Foto:Profimedia Screenshot