ЈА СЛЕДИ МОДАТА: Кралицата Елизабета сака дизајнерски чевли како трендсетерките

Кралицата Елизабета II, најдолговечната британска владетелка, денес го слави 93-от роденден во приватност.

Како и секоја година во чест на нејзиниот роденден ќе одекне почесна стрелба на кралската стража од лондонскиот Тауер и Хајд Парк.


Британската кралица слави роденден два пати: 21 април на датумот на својот роденден, и втората сабота во јуни кога во нејзина чест се организира парадата „Trooping the Colour“. 

Елизабет Александра Мери Виндзор е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Кралица станала на 6 февруари 1952 година кога имала 25 години.

Кралицата ги следи трендовите и за себе одбира модерна облека. Станува збор за популарни мокасинки  кои ги носат трендсетеркитеи многу често ги фотографираат за социјалните мрежи.

Од големиот број на модели, кралицата ги одбра класичините и кои одговараат на нејзините години и нејзиниот стил.


Таа ги носеше за време на посетата на Кралската академија на уметност во Лондон.