Ја снема од сцената на Евровизија, за малку ќе се онесвестела: Водителката сега се огласи и откри дека е позитивна на коронавирус

Познатата италијанска пејачка доживеала стресен момент на сцената на Евровизија. Ако забележавте токиму во време кога ги кажуваа гласовите, водителката извесен период ја немаше на сцената, а многумина се прашуваа зошто не се појавува.

Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, светската пејачка Лаура Паусини, објави дека во финалето на ова натпреварување за малку ќе се онесвестила од стрес, како што првично мислела, а потоа била тестирана и била позитивна на корона вирусот.

- Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од акумулиран замор, но не е. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа на Инстаграм.

Сепак, сега откриваме дека проблемите започнале неколку дена порано. Имено, Лаура не се појавила на ниту една проба од дури три, колку што се одржале пред финалето. По тој повод, италијанскиот водител Алесандро Кателано, со кого го водеше ова натпреварување заедно со Мика, на новинарите им го кажа следново:

 - Лора денеска нема да биде на проба со нас. Не грижете се, не е ништо страшно, само треба да се одмори, не се чувствува најдобро – им порача Кателано на насобраните новинари ден пред финалето.

Наместо Лаура, на сцената имаше членови од продукцијата, кои се менуваа во текот на целата проба. Очигледно е дека уметницата и водителка ги почувствувала првите симптоми уште пред финалето, па прашање е како е можно таа да ја водеше програмата, бидејќи делегациите, учесниците, новинарите и сите во публиката поминаа низ строги протоколи и тестови на секои два дена.

Исто така, сега се поставува прашањето дали другите членови на менаџерскиот тим се позитивни на овој вирус.

Новак Ѓоковиќ ја обожава, сакал да му пее на свадба: Која е Лаура Паузини, водителката на овогодинешната Евровизија?

извор:GLOSSY

Трогателна глетка: Победи на Евровизија, ја бакна девојката и замина на првиот фронт да ја брани Украина