Ја видел на реклама и рекол „таа ќе биде моја жена“: Неверојатна љубовна приказна долга 50 години

Двојниот добитник на Оскар ужива во еден од најдолгите бракови во Холивуд.

Британскиот актер Морис Џозеф Миклвајт, попознат по уметничкото име Мајкл Кејн (88), близу 50 години е во хармоничен брак со Шакира Кејн, 14 години помлада.

Нивната љубовна приказна започнала како во филм.

Имено, во 1971 година, двојниот оскаровец ја видел својата сегашна сопруга во реклама за кафе. Тоа било доволно за да се заљуби на прв поглед.

"Седев дома со еден пријател, гледавме телевизија кога беше прикажана реклама за кафе од Бразил. Видов една девојка која беше во рекламата ѝ му реков на пријателот: „Таа е жената за мене, патувам утре во Бразил за да ја пронајдам", се сеќава актерот.

Полудел за неа, дури уште пред да ја запознае, па така се сретнал со еден пријател на едно ноќно излегување, велејќи му дека патува во Бразил и го поканил да оди со него. И кога му објаснил сè, тие сфатиле нешто неверојатно.

„Тој ми рече дека работи за таа фирма. Го прашав дали може да ми помогне да ја најдам, и тој ми рече: „Таа не е Бразилка, таа е Индијка, живее на неколку блока од тука“. Лекцијата од ова гласи: „Бидете подготвени за неверојатните работи што едноставно ќе ви се случат”, раскажува Кејн.

Останатото е историја! Тие се венчаа во 1973 година и тие се горди родители на нивната ќерка Наташа (48).

„Таа е моја десна рака, јас ѝ верувам и нема настан и мисла да не ја споделам со неа. Ја запознав кога веќе бев познат, но сигурно немаше да стигнам таму каде што сум, да не беше таа.
Никогаш не ми рече: „Треба да престанеш да пиеш“, но откако ја запознав, сакав да останам трезен.

Тој додаде дека во својата долга актерска кариера, честопати бил опкружен со убави жени, но никогаш немал желба да ја изневери својата сопруга, бидејќи таа отсекогаш била најубава за него.

„Никогаш не сум бил во искушение да ја изневерувам. За почетниците во актерството, типично нешто за снимањето филмови е одење на различни локации, со многу убави актерки и знаете што може да се случи", додаде Мајкл Кејн, кој играше повеќе од 100 филмски улоги и освои два Оскари за споредни улоги во филмовите „Хана и нејзините сестри“ и „Куќни правила“.

Актерот ја откри и тајната на нивниот среќен и долготраен брак.

Никогаш не треба да делите купатило со сопругата. Во спротивно, ќе имате само мал агол за брич и четка за заби, и никогаш нема да можете да влезете во него, објасни Оскаровецот.

„Исто така, мора да станете рамноправни партнери. Јас и сопругата сме еднакви во сè. Нема мала жена омажена за голема филмска sвезда. Ние сме еднакви партнери“, рече Кејн.

извор:stil.kurir.rs
фото:Profimedia