Ја засака пред да ја запознае, трагедија ги спои: Најубавата љубовна приказна ја имаат најпознатиот текстописец Бане Опачиќ и неговата Нина

Причината за нивното запознавање била тажна, но сè друго - е толку магично...

Познатиот српски композитор, текстописец и кантавтор Бане Опачиќ напиша повеќе од илјада хитови за најпознатите поп-артисти од Србија и регионот, но неговата љубовна приказна може да се преведе во една убава песна.

Бане е во брак со Марина Пекиќ, позната и како Нина, од 2013 година. Таа е негова муза, и тој напиша многу песни инспирирани од неа.

Нивната љубов се случи на прв поглед, но судбината ги обедини дури по десет години.


Пред повеќе од една деценија, Бане забележа непозната девојка, во минување, на настап, а неговите мисли за неа го прогонуваа толку многу што ѝ посвети песна и ја нарече „Нина“. Интересно е што денес на Инстаграм ја нарекуваат токму така: „Неговата Нина“.

„Го измислив нејзиното име и го запишав во песна, ѝ ги дадов од мојот карактер работите што ги сакам кај себе и избришав еден куп недостатоци кои ги имам. Ѝ ги позајмив очите и погледот за полесно да ја препознаам, а нејзиното тело го замислив безобразно совршено. Го сторив сето тоа и чекав да ја заслужам... И не дојде таква - дојде многу подобра“, раскажа еднаш Бане на својот Фејсбук.

По неколку години тие се виделе во Будва, но не разговарале.

Поради трагични околности, на крајот сепак се сретнале.

„Со години го слушав мојот пријател Дарко Радовановиќ, кој, за жал, повеќе не е меѓу нас, како вели „и Бане вели така“. Кога Дарко нè напушти, сакав да го запознам човекот за кој толку многу знаев, заедно да го оживееме сеќавањето на Дарко. Кога првпат се запознавме, се прегрнавме како стари пријатели. И тоа беше Тој вистинскиот. Никогаш го немав запознато. Но го препознав", рече Марина за Бане.




„Кога те сака уметник, не можеш да умреш“ - гласи тетоважата на Нина, бидејќи Бане секојдневно ѝ посветува песни и стихови.

Најубавите љубовни балади всушност се дело на Бане, тој има напишено песни за Марија Шерифовиќ („11“, „Паметна и луда“), Адил, Гоца Тржан, Милица Тодоровиќ, Џенан Лончаревиќ, Илма Карахмет, Ѓоко Јовиќ и многу други.


извор:GLOSSY