Јадете бадеми секој ден: Овие 4 работи ќе ви се подобрат во организмот

Вашата кожа станува поубава

Бадемите се едни од највкусните и здрави јаткасти плодови. Тие се погодни за здрав режим на исхрана. Богати се со Б витамини, витамин А, железо, магнезиум, калциум, калиум, селен, здрави масти. Колку често ги јадете? Погледнете ги 4-те работи што се случуваат во вашето тело кога ги вклучувате во вашето мени секој ден.

За поздрава и поубава кожа

Според оваа студија, повеќето луѓе кои страдаат од акни имаат помалку резерви на витамин Е. Консумирањето бадеми може да ја подобри состојбата на кожата бидејќи овие јаткасти плодови се богати соовој корисен витамин и со антиоксиданти. Исто така, витаминот Е не само што и помага на кожата да изгледа подобро со акните, туку и го забавува и појавувањето на брчките.

Помагаат кај дијабетес

Научниците веруваат дека редовното консумирање бадеми од страна на пациенти кои страдаат од дијабетес може значително да ја подобри нивната состојба. Хранливиот состав на бадемите помага во намалување на нивото на „лошиот холестерол“, придонесува за здравјето на артериите и контрола на шеќерот во крвта.

За закрепнување по породување

Дали знаете дека според Ајурведа, здравствениот систем што потекнува од Индија, бадемите можат да помогнат во подобрувањето, односно закрепнувањето по породувањетои да го зголемат нивото на постпородилната енергија.

По појавата на бебето, женското тело е ранливо, ослабено, па му треба корисна храна која му помага побрзо да се опорави.

Попаметни бебиња

Според една шпанска студија, консумирање на 74 грама бадеми неделно може да го направи вашето бебе попаметно. Научниците правеле испитување на 2 208 бремени жени за време на нивната студија. Децата чии мајки консумирале бадеми за време на бременоста добиле повисок резултат на тестови за интелигенција. Научниците ова го припишуваат и на фактот дека бадемите ја подобруваат работата на мозокот.

Како да јадете бадеми? Можете да ги натопите во вечерните часови во вода, да ги јадете сурови, печени. Добро е да ги избегнете солени.