Јана Стојановска: Три месеци син ми го нема видено татко му

Актерката Јана Стојановска гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ заедно со деветмесечното синче Ненад.

Актерката сега се наоѓа во Македонија кај своите, додека сопругот е во Србија, па поради затворените граници поради пандемијата на коронавирус тие не можат да се видат веќе повеќе од три месеци.

Јана вели декаа Андрија е супер татко, а малиот и мирен Ненад личи на двајцата.

Екслузивно за „Женски магазин“, во ноември, таа искрено раскажа низ што поминала изминативе месеци, откако го роди синот во седмиот месец од бременоста.