Јапонски трик за брз раст на коса: Потребни ви се 10 минути и една евтина намирница
Јапонските жени го користат овој древен трик за побрз раст на косата, а користат евтина храна од кујната, и потребни се само 10 минути!
Ова не е ништо ново, напротив, некои народи уште од античко време користеле цимет, куркума и разни други намирници за убавина.
Сигурно веќе знаете за одредени трикови со состојки кои вообичаено се користат при готвењето.
Античкиот трик што го користат јапонските жени за побрз раст на косата е поедноставен и поевтин од сето она што сме го слушнале досега, а храната што ја користат секако е присутна во сечија кујна.
Тоа е обичен ориз, а постапката веќе ја знаете.
Сварете го оризот како што правите и при готвење и јадете го слободно, бидејќи за вашата коса ви треба само водата во која се готвел оризот.
Откако ќе ја измиете косата со шампон, масирајте ја оризовата вода во темето, а потоа нанесете ја на остатокот од косата.
Оставете да делува десет минути, а потоа исплакнете ја косата со обична вода. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви бидејќи косата ќе биде посјајна и помека по првиот пат, а по некое време ќе забележите дека расте многу побрзо.
извор:espreso.co.rs
Поврзани вести:
Тајните од Токио: Јапонките не стареат и не се дебелеат
Јапонска диета со банани: Изгубете 10 килограми за две недели
Важни лекции од Јапонија: Животни совети од најпаметната нација во светот