Јасно е од кој го наследила добриот изглед: Вака изгледа мајката на Џенифер Лопез (ФОТО)

Позирајќи со мајката и ќерка и, Џенифер Лопез покажа дека убавиот изглед во нејзиното семејство се пренесува од генерација на генерација.

Пејачката Џенифер Лопез (51) на својот Инстаграм профил сподели неодолива семејна фотографија. Таа, нејзината мајка, 75-годишната Гвадалупе и 13-годишната ќерка Ема се здружија и ги воодушевија обожавателите на латино дивата.

Оваа фотографија за кратко време успеа да собере скоро 2 милиони лајкови, а сега е сосема јасно од кога пејачката го наследила добриот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Сличноста помеѓу Џенифер и нејзината мајка е повеќе од очигледна, а Гвадалупе, иако е во својата 8-та деценија од животот, изгледа крајно младолико.

Не изостанаа ниту коментарите, па, меѓу другото, можеше да се прочитаат „Три генерации на безгранична убавина“, „Каква мајка, таква ќерка“, „Жени со исклучителна убавина“.