Јавноста во неверување: Познатата актерка најдена мртва во река-ова се деталите!

Актерката Мери Мара, најпозната по улогите во телевизиските серии „Закон и ред“, „Реј Донован“ и „NYPD Blue“, почина на 62-годишна возраст.

Според соопштението на њујоршката полиција, во неделата, нешто по 8 часот по локално време во градот Кејп Винсент, каде живеела актерката, добиле повик за можно давење.



Откако полицијата и брзата помош пристигнале на местото на несреќата, го пронашле нејзиното безживотно тело во реката Сен Лоран.

- Телото на Мери е пронајдено утрото во нејзината омилена река. Таа се удавила додека пливала - изјавил портпаролот на медиумите за Fox News Digital.

Допрва треба да се изврши обдукција за да се утврдат официјалните причини за смртта. Актерката беше мажена и зад себе остави поќерка.

- Мери беше една од најдобрите актерки што сум ги запознала. Се сеќавам дека ја видов на сцената во 1992 година во Mad Forest на Бродвеј. Таа беше духовита и прекрасна личност. Сите ја сакаа. Ќе ни недостига – изјавил нејзиниот менаџер Крег Дорфман, пренесува CNN.