Јелена Ѓоковиќ го запали Интернетот: Изјави што може да предизвика неплодност

Јелена Ѓоковиќ, директорка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, на својот профил на Инстаграм, се допре до тема за причини за неплодност кај многу жени, откривајќи нешто што многумина не го знаеле досега.


- Денес имаме многу проблеми со плодноста и жените имаат проблеми со забременување, а проблемите со забите како кариес, акумулираните наслаги и заболувањата на непцата - исто така имаат големо влијание - посочи таа.

Многумина, од друга страна, беа изненадени дека лошата стоматолошка хигиена може да има врска со неплодноста.

Може ли лошата стоматолошка хигиена да биде поврзана со неплодност?

Добрата орална хигиена ги прави забите поубави, но и нашето тело поздраво. Според некои истражувања, здравјето на забите и тоа како може да влијае на тоа колку долго и треба на жената за да забремени.

Стоматолошката хигиена исто така може да влијае на плодноста кај мажите, така што оние кои имаат заболување на непцата и расипани заби, може да биде поврзано со послаб квалитет на сперматозоидите.

На пример, периодонтитисот е поврзан со голем број здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, респираторни заболувања, но и мозочен удар.

Исто така, кај жени со синдром на полицистични јајници и ендометриоза, како и кај мажи со еректилна дисфункција, поверојатно е дека имаат периодонтитис како дијагноза кај поголем број случаи отколку кај општата популација.

извор: Телеграф